Мириси кои секогаш нè враќаат назад во детството
Се сеќавате ли како мирисаа малите гумени топчиња кои скокаа многу високо? Веднаш се потсетивте нели? Постојат мириси кои едноставно не се забораваат.
Сите ние имаме мириси кои не враќаат во детството и ни будат чувства и мемории кај нас.
Од јадења кои најмногу сме ги сакале, па се до играчки со специфичен мирис, постојат многу мириси кои не потсетуваат на убавото безгрижно време кога бевме деца.
Во продолжение погледнете некои од мирисите кои секогаш не враќаат назад во времето кога бевме дете:
1. Мирисот од сутлијашот на баба.
2. Чоколадните бонбончиња „Бони топ“.
3. Мирисот на мрсни боички.
4. Мирисот на пластиката на лулашките на жешкото сонце.
5. Мирисот на гумите за бришење кои ги носевме на училиште.
6. Овошните мастики за џвакање.
7. Мирисот на маркерите во боја.
8. Малите гумени „ѓаволски“ топчиња.
9. Мирисот на пластелинот.
10. Шеќерниот памук.
11. Мирисот на свежо искосена трева на која лежевме.
12. Пржените кришки.
14. Мирисот на балони.
15. Гумените бонбони.
16. Мирисот на смоките кои скришно ги јадевме пред ручек.
17. Мирисот на нашиот прв дом.
Т. Ѓ. | Црнобело