Ало несреќни фаци – среќни сте, отворете очи!

alo-nesrekjni-faci-srekjni-ste-otvorete-ochi-01.jpg

Тажни фаци, неисполнети, со празни погледи, вечно незадоволни, никогаш среќни... Врвулица ваков народ.

Ништо не ги радува.

Стануваат со мислата како да го минат овој тежок ден во овој црн свет. А денот еден. Денес и никогаш повеќе.

А тие исти. Со бродови потонати. Со иднина, а во мрак заглавени.

Ништо не им чини. Морале да се трудат да преживеат во овој никаков свет.

Не можеле партнер да најдат, а со прст не мрднале. Не можеле да заработат, а во комфорната зона се стационирале.

Многу работи не можеле, а ништо не преземаат да променат и да се избават од пеколот.

А пеколот е нивната глава! Таа мрачна празна остава каде само негатива царува.

alo-nesrekjni-faci-srekjni-ste-otvorete-ochi-02.jpg

Заборавија да се радуваат. Заборавија дека изгрејсонце е среќа, дека ветер на кожата е среќа, дека парче омилена торта е среќа, дека детска насмевка е среќа, дека добар збор е среќа...

И постојано талкаат по среќата таму некаде, а за жал ако не ја пронајдат пред сѐ во самите себе, никаде нема да наидат на неа.

Не можам да ги гледам искрено. Ме иритираат мрачни појави кои денес станале и бројат часови за да си легнат, без да имаат за цел да направат барем една работа денес што ќе им направи топло на душата.

Чекаат да ги погоди некоја радост од небото, а таа нема да дојде.

Ќе налегнат години и ќе изгубат здравје и потоа ќе мислат што всушност имале. Ќе мислат на изгубените денови, на мракот во нив, на залудно прокоцканиот живот, на револтот кон сѐ околу нив, на нивниот празен и тажно прокоцкан живот во кој само нешто чекаа и ништо не дочекаа.

Не е дека среќата не доаѓа кај вас, вие сте неспособни да бидете среќни.

Мрачите...

Не сте убаво друштво, ниту на себеси, ниту на другите.

Преземете нешто... Затоа што чук-чук животот е овде и сега. Доволно долго бевте подвижна патетика.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Детска искрена радост: Новогодишно пакетче под елката и Коледе со другарчињата од маало Кога јас бев дете, тоа коледарско утро не знаевме што е студ. Имавме само една м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg