Три кратки, инспиративни приказни кои ќе ве научат на истрајност, чесност и контрола на гневот во животот

Кусите инспиративни приказни им се едни од омилените работи за читање на луѓето, бидејќи се интересни, лесно разбирливи и секогаш носат одредена поука на крајот.

Tri-kratki-prikazni-01.jpg

Без разлика дали станува збор за вистински или пак за измислени приказни, останува фактот дека истите нè инспирираат и нè тераат да размислуваме, правејќи разлика во нашите животи.

Прочитајте ги следните 3 за истрајноста, чесноста и контролата на гневот во животот:

Приказна за истрајноста и влијанието на луѓето околу нас

Група жаби поминувале низ шумата кога две од нив паднале во длабока јама. Останатите застанале на врвот и откако виделе колку е длабока дупката им рекле на другите 2 жаби дека нема надеж за нив.

Сепак, двете жаби решиле да ја игнорираат групата и започнале да скокаат со цел да излезат од јамата. И покрај нивните напори, останатите жаби им довикувале дека треба да се откажат и дека никогаш нема да излезат од дното.

По некое време, едната од нив, слушајќи ги коментарите на другите жаби кои гледале одозгора, се откажала и умрела. Другата жаба продолжила да скока најсилно што можела. Групата повторно ѝ докрекала да не се мачи попусто, да си ги скрати маките и едноставно да умре како првата жаба.

По многу напор, упорната жаба конечно скокнала високо и излегла од длабоката дупка. Кога го сторила тоа, другите ја запрашале: Зарем не нè слушна што ти зборувавме?

Она што не го знаеле е тоа што жабата била глува. Таа за сето време мислела дека групата ја охрабрува да не престане со обидите да излезе од дното.

Поука: зборовите на луѓето може да имаат огромен ефект врз нашите животи. Помислете пред да прозборите. Понекогаш може да претставува разлика помеѓу животот и смртта.

Приказна за чесноста и „мило за драго“

Еден фармер му продавал секој ден по 1 kg свеж путер на пекарот. Еден ден пекарот решил да го измери путерот и да види дали тежи точно 1 kg. Путерот сепак тежел помалку. Налутениот пекар го дал фармерот на суд.

Кога судијата го прашал фармерот како го мери путерот тој одговорил дека е примитивен човек кој нема специјална вага за мерење. Тогаш, како го премеруваш, го запрашал тој, на што фармерот одговорил:

Чесен судија, секое утро пекарот ми носи леб за којшто тврди дека тежи 1 kg. Го ставам на едната страна од вагата, а на другата додавам путер онолку колку што тежи лебот. Доколку некој е виновен за лажење, тоа секако не сум јас.

Поука: во животот ќе го добиеш она што го даваш. Што ќе посееш, тоа ќе жнееш. Не прави им го на другите она што не сакаш да ти го прават тебе.

Приказна за контролата на лутината и зборовите кажани во афект

Некогаш си живеело момче со многу лош темперамент. Тоа било постојано луто и гневно. Еден ден таткото му дал ќеса полна шајки и чекан и му наредил секогаш кога ќе почувствува гнев или лутина, да закове една во оградата.

Првиот ден момчето заковало 37 шајки. Во следните неколку недели, лутината кај момчето се намалила, па согласно и бројот на закованите шајки во оградата се намалил.

Момчето открило дека полесно е да ги контролира лутината и гневот отколку да ги заковува секојдневно шајките во оградата.

Конечно, дошол и денот кога момчето не заковало ниту една шајка и тоа му го соопштил на својот татко. Таткото тогаш му предложил да ги откова шајките една по една од оградата.

Поминале многу денови во кои момчето ги вадело шајките од дрвото. Конечно, кога биле извадени сите, таткото рекол: одлично го сработи ова момче, но погледни ги дупките во оградата. Таа никогаш повеќе нема да биде истата. Кога кажуваш или правиш нешто во лутина, лузната останува за цел живот. Можеш да забодеш нож во некој човек и веднаш да го извлечеш. Не е важно колку пати ќе се извиниш, лузната ќе остане засекогаш таму.

Поука: контролирај го својот гнев и не дозволувај да им кажеш на луѓето работи во афект за кои подоцна ќе се каеш. За некои работи во животот не е важно колку пати ќе се извиниш ако штетата е преголема.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg