Водич за среќа: 40 начини да го „поправите“ својот живот од темел за 100 дена
Обично, на сите промени им се даваат во просек 100 дена за резултатите да бидат јасно видливи.
Па, дајте си себеси 100 дена да си го поправите животот од темел, а да не ни забележите дека напорно работите на тоа.
Од каде и како да почнете?
Дом
- Расчистете ги книгите, сметките и брошурите кои ги имате низ дома.
- Расчистете ги CD и DVD колекциите кои реално, не ви се ни потребни.
- Донирајте ги дупликатите книги, а останатите прегледно наредете ги.
- Расчистете ги кујнските помагала.
- Живејте по мантрата: сè што ќе земете – вратете го назад на исто место.
- Разгледајте низ дома и дефинирајте ги сите работи кои ги толерирате, а треба да се средат или поправат. Секој ден правете по една поправка.
Примери:
- Подмачкајте ја вратата која чкрипи.
- Заменете ги сијалиците.
- Зашијте го дупчето на чаршавот.
Среќа
- Секој ден запишувајте по 5 работи за кои сте благодарни.
- Направете попис од 20 работи кои уживате додека ги правите и погрижете се да правите барем по една дневно.
На пример:
- Јавете се на пријателите.
- Јадете во ресторан.
- Читајте ја омилената книга.
- Изгледајте епизода од омилената серија.
- Следете ги менталните разговори кои ги водите во себе.
- Колку пати се карате самите себе во текот на еден ден?
- Дали сте премногу критички настроени?
- Или премногу загрижени?
- Колку позитивни мисли имате во текот на денот?
- Следните 100 дена добро насмејте се барем еднаш дневно. Прочитајте шега, виц, анегдота, изгледајте цртан...
Учење / личен развој
- Одберете една стручна книга која си побарува концентрација и секој ден учете по еден дел.
- Секој ден учете по барем една работа на тема која ве интересира.
- Секој ден местете го аларамот минута порано.
- Престанете да се жалите во наредните 100 дена.
- Следните 100 дена хранете ги мислите со позитивни изреки и афирмации.
Финансии
- Направете детален буџет. Следете каде ви оди секој денар.
- Не трошете повеќе отколку што имате.
- Не купувајте ништо во наредните 100 дена, освен неопходното. (Не, уште еден пар штикли не ви е неопходен.)
- Дефинирајте колку денари ви требаат на месечно ниво за основните потреби и најдете начин како да заштедите во наредните 3-4 месеци.
Време
- Направете роковник како би се ослободиле од постојаното помнење.
- Направите попис на работи кои треба да ги завршите, на дневно ниво.
- Додадете знаци за приоритет на листата.
- Обрнете внимание како го трошите своето слободно време.
- Секоја недела правете ревизија низ 3 прашања:
- Што постигнав?
- Што направив погрешно?
- Што направив добро?
Здравје
- Секој ден јадете по 5 овошја и зеленчуци.
- Намалете ги оброците.
- Јадете од помали чинии.
- Наместо сок, пијте вода.
- Појадувајте.
- Не се изгладнувајте.
- Не се прејадувајте.
- Често станувајте од работното столче.
- Качувајте се по скали.
- Вежбајте.
Врски
- Секој ден правете нешто убаво за вашиот партнер.
- Секој ден направете нешто убаво заедно со вашиот партнер.
- Секој ден прошетајте барем 20 минути држејќи се за рака.
- Секој ден контактирајте по барем еден пријател.
- Не судете додека не ги слушнете двете страни од приказната.
- Дајте пофалба на оние кои ја заслужуваат.
- Следните 100 дена не си го споредувајте животот со туѓите успеси и неуспеси.
М. Д. | Црнобело