„Денови ли се - денови, аргатски маки големи“: 80 години од издавањето на „Бели мугри“ на Кочо Рацин

Бели мугри, збирката поезија од Кочо Рацин е објавена во 1939 година, во Самобор близу Загреб. Таа е третата стихозбирка објавена на македонски јазик, по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени една година претходно во 1938 година.

80-godini-od-izdavanjeto-na-Beli-mugri-01.jpg

Точно на 25 ноември, „Бели мугри“ е испечатена во печатницата на Драгутин Шпулер во 4000 примероци. Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавува под псевдонимот „К. Рацин“. Стихозбирката брзо постигнува голем успех.

Стихозбирката опфаќа 12 песни: Денови, Печал, Селска мака, Тутуноберачите, Ленка, Проштавање, Балада за непознатиот, Елегии за тебе, Утрото над нас, Татунчо, На Струга дуќан да имам и Копачите.

80-godini-od-izdavanjeto-na-Beli-mugri-02.jpg

„Бели Мугри“ е врвно дело, коешто творечки се потпира врз достоинството што го носи македонското народно епско и лирско творештво, збогатени со творечката вештина на Рацин.

Во него доминираат социјалните и револуционерните теми. Насловот на стихозбирката е симболичен - пејзаж посакуван од работниците, аргатите и сите експлоатирани луѓе. Тоа е ново утро, нов почеток, нов живот во кој сите ќе бидат еднакви.

И после 80 години, сè уште наоѓаме смисла во стиховите на Рацин во „Бели мугри“. А нивната поетска убавина и експресија е безвременска. Прочитајте ги најубавите стихови од „Бели мугри“:

Роди се човек — роб биди
роди се човек — скот умри,
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.

За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!

 

И ноќе кога месечко
гроб и со свила виеше
ветерчок тихо над неа
жална и тага рееше:
„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна...“

 

Деј гиди горо зелена!
Деј гиди водо студена!
Пилците пеат — ти плачеш,
слнцето грее - ти темнеш.

 

Чаршиите изумреа,
дуќаните запустеа —
пропадна сичко, прокопса
занает златен - рѓоса.

 

На кантар студен со туч го мерат
а можат ли да го измерат,
нашиов тутун – нашава мака
нашава солена пот!

 

Но тиa росни утрини пресни
копнат во гради и тлеат.
Копнат и како бура пеат
и како огин палат.

 

Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
знам оти чеиз и ти не везеш,
знам, Вело, пусто остана сичко -
не ли си и ти аргатка клета?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg