Што размислувам кога наутро ја врзувам левата патика?

Размислувам зошто вчера наместо да си легнам порано, останав да го гледам оној филм на телевизија што не го ни разбрав затоа што пола од филмот бев на телефонот.

sto-razmisluvam-koga-nautro-ja-vrzuvam-levata-patika-001.jpg

Зошто сум го облекла тој стар изнаносен дуксер, а си ветив самата на себе пред да си легнам дека утре ќе се дотерам и ќе станам 20 минути порано од вообичаено. А, јас наместо тоа, пак се успав.

А зошто морам да станувам во 7 часот, кога сакам убаво да се наспијам барем до кај 11. Кога јас еден ден ќе бидам директор работното време ќе почнува од 12. Сите ќе ме сакаат.

Размислувам што да појадувам. Зошто не си направив сендвич од вечер пред да си легнам, па сега ќе морам до пекарата по ѓеврече. Уф, како ми се јаде. Можам да изедам и две ѓевречиња. И јогурт со нив. Мх, мх, мх...

Да си преспијам денес или не? А да не си преспијам, па конечно да си го средам бирото и сите листови што стојат на него? Ма кого лажам јас. Има уште одма да си легнам штом си дојдам, нема потреба да се лажам самата себе.

А, згрешив ли што облеков тексас палто? Ќе ми студи ли? Или пак не? Што знам. Тоа ми дојде прво при рака, инаку планирав да носам кошула и конечно да го облечам новиот капут. Ајде утре. Денес се успав.

Дали ташната што ја видов вчера на излогот во таа новата продавница конечно ќе ја намалат или пак ќе треба да дадам многу пари за да ја имам. Ама кој ќе чека толку долго да ја намалат... Во петок земам плата и одма ја купувам.

Згрешив ли вчера што изедов три парчиња торта? Многу да не беа? Ај ќе вежбам вечер кога ќе си дојдам. Ако ова го велам секое утро наназад три месеци. А здебелена сум. Здебелена сум 5 килограми. Не ме собираат веќе омилените фармерки. Ама попрво ќе си купам нови отколку да се „наканам“ да вежбам.

Дали професорот по математика имаше истетовирано крст на градите како што зборуваше цела гимназија. Оф, ме мачи до ден денес, никогаш не успеав да разберам за сигурно. А многу ме интересира. Да го знаевте и вас ќе ве интересираше, воопшто не личеше на таков тип на човек.

Зошто Том никогаш не го фати Џери? И зошто секаде одеа голи само на плажа облечени? А, дали Петар Пан порасна или уште живее во Недојдија? И дали Рос и Рејчел се сè уште на пауза?

Ииии така оп, сум направила чвор, а не сум ни забележала. Сум ја врзала истата врвка два пати наместо еднаш на левата, еднаш на десната. Оф, кој ќе го одврзува сега ова чворов. А, ви кажав на почетокот се успав и веќе каснам половина час.

Треба да одам и по појадок. Е сега дури се изнервирав. Од сега не си купувам патики со врвки. Или чизми ќе облекувам. Да, ќе ги искомбинирам со тој новиот капут за кој ви кажав. Се разбира, ако и утре не се успијам повторно.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg