Се сеќавате на овие кукли? Кој ги правеше нашите омилени памучни играчки? (фото)
Цонка, Наташа, Мимоза, Кате, Сара, Мимица, Наде… се само дел од многуте имиња со кои се нарекувале овие куклички од нашето детство.
Куклите со едноставен дизајн се всушност генијални, изработени од 100% памук, со насликани очиња, румени обравчиња, усни, трепки, пеги и малото свиткано праменче коса на челото. Речиси и да нема дете кое растело во ’80-тите и ’90-тите години, а ја немало дома оваа кукличка.
Прашањето е – кој ги изработуваше овие кукли? Првиот одговор е дека Астибо од Штип се виновниците се нивното постоење. Но дел од сопствениците тврдат дека куклите доаѓале од Бугарија, а пак некои се сигурни дека српската компанија Атекс од Белград ги изработувала овие ретро кукли од нашето детство.
Доколку го имате одговор, ве молиме споделете го. А дотогаш, погледнете уште еднаш како изгледаше нашето најубаво детство:
(О)Милена | Црнобело / Фото: (О)Милена