200 денари за на театар се многу, за на кафе таман - до кога со овој менталитет?

Добро до кога и до каде со овој наш никаков менталитет и начин на размислување? Свесни ли сме каде ќе завршиме?

200-denari-za-na-teatar-se-mngu-za-na-kafe-taman-01.jpg

Идните генерации ќе бидат толку неписмени што нема да знаат да набројат повеќе од двајца писатели и две книги. Зошто да читам книги, не сум бубалица јас?! – беше прашањето што ми го постави едно дете од шесто одделение кога го прашав која книга му е омилена.

Свесни ли сме каде ни оди општеството? 200 денари за на театар и за добра книга се многу, а за вечерно излегување со пријатели - не.

Па знаете дека кога одиме на кафе, дури и тие 200 денари не се 200, затоа што нема да пиеме обично кафе, ќе пиеме скап коктел или пијалак, треба луѓето да видат дека сме од „големото добро утро“.

Дека не си поминуваме со едно кратко еспресо и дека можеме да си дозволиме многу повеќе од тоа. А, 200 денари за на театар, па не би дале скапо ни е некако. А, и кој ќе нè види ако отидеме таму, денес се излегува за да бидаш виден и да ставиш стори на Инстаграм каде си бил.

Немојте ви се молам, па и во право сте до некаде, знаете ли колку пара чанти има во 10 карти од театар. Убаво размислувате, продолжете така. Ќе ви ‘рѓоса душата, ама важно од надвор ќе бидете „наконтени“ и дотерани.

А, пак кога ќе слушнете дека гостувал некој од странство и картата ја направиле 350 денари, голем број се први да кажат како стварно ја претерале и дека не се нормални, па кој би дал „толку“ пари за театар?

Па добро, можеме ли конечно малку да се освестиме дека со ваков начин на размислување нема да стигнеме никаде и дека ќе останеме неписмени празноглавци, чие најголемо достигнување ќе им биде колку лајкови добиле на Инстаграм.

Ќе немаме никакво познавање од „општа култура“ што се вели. Затоа што 200 денари за на театар и за книга ќе ни бидат многу, а за вечерно излегување ќе ни бидат малку. Мораме да се освестиме што порано и да го оттргнеме овој конзервативен начин на размислување.

Потоа се жалиме дека шефот на работа имал помало образование од нас, па искрено и така ни треба кога размислуваме на овој начин. Самите сме си виновни за „кашата“ во која се наоѓаме, затоа што самите си ги поставуваме „идиотските“ стандарди во нашето општество по кои се гледа кој е „господин“ а кој не.

Затоа што господин е тој со скапо одело и сјајни чевли, а не оној кој има мал свет во својата глава кој го изградил со читање книги, одење на театар, одење на изложби и други културни манифестации... Оној кој има манири и знае како да се однесува.

Господин е оној чии родители „крателе“ од своето, за тој да има и да се расфрла со пари, но тоа не е важно. Никогаш во животот нема да му треба да има прочитано книга, да има отидено на некоја изложба или на некоја претстава, затоа што убаво реков, 200 денари за на театар се многу, а за на кафе таман. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg