Кога не можете да заспиете бидејќи животот е тежок, а анксиозноста е навлезена во секоја клетка...

Часовникот покажува 1 по полноќ. Вашата соба е темна, а вие упорно се обидувате да најдете удобна положба во вашиот кревет.

prochitajte-go-ova-koga-e-1-po-polnokj-i-zhivotot-vi-izgleda-premnogu-tezhok-01.jpg

Преморени сте, но сепак сте будни. Во вашиот ум минуваат секакви мисли, а вратот и главата ве болат од стрес. Ја чувствувате анксиозноста во секоја ваша клетка.

Сакате да заспиете. Навистина сакате да заспиете и да не се разбудите сè додека нештата не станат подобри. Но наместо тоа, гледате во часовникот и мислите дека имате помалку од 5 часа, пред да ви заѕвони алармот.

Не сте подготвени да го започнете денот за 5 часа. Не сте подготвени одново да се соочите со светот.

Одамна не сте се чувствувале волку лошо, а сега, тишината на ноќта прави сè за да ви изгледа илјадници пати полошо. Се чувствувате изгубено и осамено.

А, штом ќе почнете да размислувате за проблемите, уште повеќе паѓате во дупката на анксиозноста.

Како ќе се соочите со утрешниот ден? Како ќе се разбудите за сè да правите одново? Покрај сето ова, знаете и дека утре ќе бидете преморени бидејќи нема да биете наспани.

Но не заборавајте дека среде ноќ, сè изгледа полошо. Сè е пострашно. Сè е поболно. Во ноќта сте само вие и вашите мисли. Вашиот ум е преморен за да ве потсети на убавите моменти. А до вас нема никој што ќе ви помогне.

Не заборавајте дека не сè што мислите е реалност. Вашите мрачни мисли надвладуваат бидејќи повеќе немате сила да се тешите. Премногу сте изморени да барате храброст или надеж.

Но храброста и надежта се длабоко во вас.

Ќе се разбудите и ќе се соочите со утрешниот ден, и со следниот, и со денот после тој.

Бидејќи сте се соочиле со сите денови досега и сте ги преживеале. А еден од наредните денови ќе биде многу подобар, бидејќи животот нема засекогаш да биде ваков.

Кога ќе дојде утре, ќе бидете во ред. Ќе бидете малку уморни, но можете да издржите. И ако има макар и најмало нешто што ќе ви ја олесни ситуацијата, одберете го тоа. Изберете го полесниот пат. Направете пауза. Откажете нешто ако не можете да присуствувате.

Засега, бидете трпеливи. Не ги бројте часовите до утрото. Пуштете си релаксирачка музика и фокусирајте се на неа, наместо на тоа да заспиете. Пуштете си филм, прочитајте некоја страница, направете што било што ќе ви помогне да си ги оттргнете мислите.

Заслужувате сон и заслужувате да бидете во ред. Кажувајте си го ова, дишете длабоко, удобно наместете ја постлата и дозволете си да потонете во длабок сон.

Извор

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg