Како се понижуваме со реченицата „Доцна е за мене!“

Барем еднаш дневно слушам како некоја жена вели „Сега е веќе доцна за тоа!“ или „Веќе сум стара за така да се однесувам/облекувам/вежбам…“

kako-se-ponizhuvame-so-rechenicata-docna-e-za-mene-01.jpg

Ова секогаш го изговараат жени, никогаш мажи.

„Предоцна е сега да студирам. Како да се сликам за индекс со 35 години?“, „Излегувам со едно момче, помлад е од мене 5 години. Супер ми е со него, но глупаво ми е што е толку млад.“

„Не можам да носам кратки здолништа, веќе не сум во тие години.“

Поради некоја причина, сите кажуваме дека ни е или „предоцна за тоа“ или „прерано“, но никогаш не се споменува концептот „навреме“.

Љубовта кај некои доаѓа кога ќе наполнат 50 години, едноставно бидејќи претходно не биле подготвени за љубов. Некој немал време да студира во дваесеттите, но во триесеттите има слободно време, волја и енергија. Некој се вљубил во помлада личност, бидејќи ја пронашол сродната душа. Некоја не носела здолништа кога имала 18 години бидејќи била дебелка, но на 40 години ја достигнала идеалната тежина и сега сака да ги покаже своите нозе.

Но тогаш, жените се присетуваат на грозните фрази „Доцна е“, „Стара си“…

kako-se-ponizhuvame-so-rechenicata-docna-e-za-mene-02.jpg

Пред година дена, насловите во медиумите беа „50-годишната Џенет Џексон е бремена. Се здебелила 43 килограми…“

Каков ужас! Бремена? А што ќе прават оние жени кои ќе забременат на 40 или 45 години? Да абортираат само затоа што е „срамота?“ Никој нема да рече: „Браво. Ќе се преродиш. Ќе родиш здраво бебе!“

Или „Деми Мур (56) прошета по бикини!“

Дали Деми Мур требало да прошета по гробишта, да одбере место и споменик?

Со неколку зборови можете да ја убиете женската самодоверба и желбата за живот.

Поради тоа, никогаш не се извинувајте, не срамете се, не свртувајте се.

Ако ви кажат дека сте „стари за тоа“, прашајте ги тие експерти за тоа кога е време да се носи фустан над колена? Кога е време да сакате, учите, да напредувате во кариерата? Кога е време да го покажете целулитот?

kako-se-ponizhuvame-so-rechenicata-docna-e-za-mene-03.jpg

Зошто на мажите кои стануваат татковци на 48 години им се вели „Браво“? Иако просечниот животен век на мажите е многу пократок за разлика од жените.

Општеството очекува модерната жена да биде образована, негувана, успешна и да има хоби. Да се занимава со спорт. Да го одржува домот идеално чист, да одгледува деца и никогаш, никогаш да не заборави на мажот… Секој ден готви здрави оброци. Гардероберот ѝ е полн со уредна облека. Да не заборавив нешто?

А, да! Сето ова мора да се случи до одредена возраст. Но до кога жената мора да го постигне сето ова? Никој не знае!

Поради тоа, драги жени, не понижувајте се себеси со реченицата „Доцна е з мене!“

Не, не е доцна!

Никогаш не е доцна да сакате, да раѓате, да учите, да бидете среќни. Оној кој ќе ви каже поинаку, лаже!

Извор

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg