Научи да се бориш со крената глава - прифати ја играта на животот

Стравот полека, но сигурно ме јадеше. Гледајќи ја мрежата додека сервирам за поен, ме обзема страв дали ќе успеам да го освојам поенот, но ме плашеа и реакциите и навредите на противничката публика.

nauci-da-se-boris-so-krenata-glava-01.jpg

Но кога ќе го погодиш, тогаш го надвладуваш стравот гледајќи ги луѓето како те бодрат. Секогаш ми велеа гледај ја страната која секогаш ќе те бодри без разлика дали победуваш или губиш, дали ќе го земеш поенот или не.

Сервирај дури и тогаш кога ќе мислиш дека нема да успееш, знај дека ако не пробаш, нема да знаеш. Кога и да погрешиш не се разочарувај, затоа што од грешките се учи. Не е битно дали ќе ја погодиш мрежата или линијата, битно е да ја научиш лекцијата.

Лекцијата е да научиш дека животот е како натпревар - некогаш ќе победуваш и сите ќе те сакаат, а следниот пат ти ќе им бидеш виновен за губитокот. Лошите работи што ќе ги слушаш за себе не треба да те плашат, напротив, тие треба да ти бидат поттик за твојата следна победа.

Но, дали ти имаш желба да научиш како да се бориш, како секоја победа или секој пораз да го примиш со крената глава и да си кажеш дека следниот пат ќе биде подобар од овој.

Знај дека  животот е како игра во која треба да научиш да играш, да ги прифатиш сите порази и победи еднакво е тогаш знај дека си ја научил играта на животот.

 А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg