Еден ден староста ќе те праша каде ти бил паметот за некои работи… што ќе ѝ одговориш?

Еден ден брчките ќе развлечат длабоки линии на твоето лице. Колената полека ќе почнат да ти откажуваат, ’рбетот ќе започне да се свиткува нанапред. Дланката ќе ти се исполни со апчиња, на поголемиот дел нема да им го знаеш името, ќе ги голташ брзо во надеж дека ќе ја излекуваат секоја твоја болка.

Eden-den-starosta-ke-te-prasa-kade-ti-bil-pametot-01.jpg

Таа ќе се потсмири, но нема целосно да исчезне. Староста ќе си го направи своето, никој не успеал да ѝ избега. Ќе ти дојде преку глава од сè, носталгијата ќе почне да ти ја нагризува душата, осаменоста ќе се вдоми во твоето срце. Сепак, ќе дојде и тој ден, кога староста ќе те праша каде ти бил паметот…

…кога си го губел времето со луѓе кои очигледно не те заслужувале…

…кога си се нервирал за работата, за лошиот шеф, за колегите кои ти боделе нож во грбот, вистински мајстори на лицемерието и лагите…

…кога си плачел по девојката која те изневерила, а ти си ѝ го понудил своето срце…

Каде ти бил паметот кога си трошел бескрајно многу енергија на средување на домот и пак не ти бил по ќејф? Кога ги испушти сите важни настани со семејството, за да останеш подолго на работа, да заработиш повеќе пари со цел повторно да го реновираш домот?

Староста се оцртува во огледалото во коешто зјапаш и прашува: каде ти беше паметот кога речиси си го изгуби здравјето во името на работата, неблагодарните луѓе, лошите партнери, ненаситната жед за повеќе пари?

Каде ти беше паметот кога со недели не излегуваше од дома, каде ти беше паметот што некогаш си мислел дека не изгледаш доволно добро, дека не си доволно паметен, доволно успешен и дека никогаш нема да вредиш доволно?

Каде ти беше паметот кога се ставаше себеси на последното место и гледаше да им угодиш на сите, кога сè било залудно – тие луѓе не го заслужувале тоа. Си трошел време на неблагодарни луѓе, наместо на оние кои вистински го посакувале твоето внимание.

Каде ти бил паметот кога си се водел по туѓ памет, кога очајно си се обидувал да исполниш нечии туѓи чевли, нечии туѓи замисли и очекувања, па си го моделирал животот како да е од пластелин, само да се вклопи во нечиј туѓ шаблон на размислување? Кое е фајдето од сето тоа?

Дали некој ќе ти каже благодарам? Дали вредело постојано да се обѕираш зад себе и да живееш со мислата – што ли ќе кажат другите?

Староста те прашува–каде ти беше паметот бре момче? Вредеше ли? Вредеа ли сите солзи, сите нервози, сите жртви и сите непроспиени ноќи за ова што си денес?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg