Носталгични спомени од детството кои ќе им ги стоплат срцата на генерациите од ’90-ите
8. Широки патики
Нешто по коешто генерацијата на '90-тите ќе остане запаметена се таканаречените „широки патики“ од брендовите DC, Roxy и Vans.
Патиките коишто не се врзуваа, дефинитивно се сметаат за обележје на една поинаква модна генерација, која секој од нас ја памети.
9. Емо девојки
Стилот во кој ќе се препознаат најмалку 70% од девојките.
Препознатливата шишка на страна, носењето на накит со костурски глави и ексцентричната облека се едни од најсилните адути на овој моден израз.
10. mIRC и MSN messenger
Најголемата „шема“ во тинејџерските години, да се биде активен на овие две интернет платформи.
Најчесто воспоставувањето на првиот контакт се одвиваше на Мирц, додека пак следниот чекор го заземаше незаборавниот Месинџер.
Едно е сигурно, кратеницата „asl pls“ и командата „nudge“ ќе останат врежани во нашата меморија засекогаш.
11. МС СМС
Со сигурност, местото за најгледана емисија за овие времиња ќе го заземе единствената МС СМС.
Испраќање поздрави преку пораки за тоа чие училиште е подобро, кој клас е устав, а кој закон, кој е најдобриот пар во цело Скопје, па и пошироко и секако порачувањето на хитовите кои го обележаа тоа време: „Gasolina“, „Candy shop“, „Бонус трака“ и многу други.
12. Наше маало
Серија од минатиот век која низ примери прикажани во разновидните епизоди ни ги покажа најважните морални и етички вредности.
Преку ликовите на Мали, Бени, Ице и многу други и се разбира незаборавната Кармен научивме многу работи.
Научивме да простуваме, да другаруваме и сакаме неизмерно, да го чуваме и почитуваме семејството, а најважно од сѐ, тие нѐ научија да не познаваме никакви разлики, да кажеме НЕ на дискриминацијата од било какво потекло.
Всушност од мали нозе овој серијал нѐ научи на соживот.
13. Дискотека Вулкан
И за самиот крај ве потсетуваме на местото каде што започна епохата на ноќниот живот за овие генерации. Секако дека тука стојат и дискотеките Процес и Левел, но мора да признаеме дека токму оваа горенаведена дискотека за млади е виновник за повеќето мемории од нашата младост.
Петочно-саботни незаборавни расположенија, танцувања и по некој бакнеж, а најголемата радост пак беше прославувањето на роденден во неповторливата дискотека Вулкан.
Мила М. | Црнобело