Човекот - вечен должник на животната средина

Брзиот развој на технологијата и индустриската револуција нè доведе во една многу непосакувана ситуација на глобално ниво. Затоа ние, луѓето мораме да запреме и да се промениме.

pollution-power-station_630x340.jpg

Да тргнеме во друга насока и да го смениме начинот на размислување. Да почнеме да дејствуваме. Самите си ги уништуваме изворите кои ни даваат живот и ја уништуваме планетата.

Треба да ја развиеме свеста кај младите за големината на проблемот поврзан со екологијата. Треба да бидеме свесни за последиците со кои може да се соочиме на светско ниво, доколку го земеме овој проблем здраво за готово.

Уништувајќи ја животната средина ние се уништуваме самите себе.     

Доста е, премногу далеку отидовме. Губењето на нашата иднина не е иста како губење на банкнота, ние мораме да се освестиме и да преземеме мерки.

Процентот на загаденост постојано се зголемува. Глобалното затоплување е главен и најважен проблем со кој се соочува целиот свет. Развиената индустрија секојдневно испушта отровни материи во воздухот. Се гушиме. Не можеме да дишеме.

Водата во реките и езерата сè повеќе е загадена. Преплавена е со безброј отровни материи, а водниот свет трпи сериозни последици. Шумите се сè помалку населени. Многу животински видови изумираат во последните години, а со нивното изумирање се нарушува и синџирот на исхрана.

Отпадоците од пластика се насекаде околу нас. Зраците од сонцето се сè поштетни, а воздухот е позагаден.                                                     

Овде големо влијание има и модерната технологија која доведува до дисбаланс во животната средина што е последица на нејзиното големо влијание. Таа неконтролирано се развива, создавајќи одредени машини кои придонесуваат во загаденоста на воздухот.

Сè повеќе здгради околу нас, а сè помалку зеленило. Редно време е да се зголеми свеста за значењето на екологијата.

Затоа, ако ништо друго, одгледувајте барем некое цвеќе во мала саксија и отпадоците фрлајте ги во корпа наместо на земја. Рециклирајте. Грижете се за околината. 

Сакајте ја и почитувајте ја природата затоа што секое добро за екологијата е добро за сите.         

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на г...
Полесни ми беа домашните како дете, отколку како родител – Ги разгалуваме ли несвесно децата? На Фејсбук деновиве се вртеше едно меме во кое верувам дека се пронајдоа голем б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg