Мали работи кои прават големи промени
Издвојуваме мали животни ситници за кои не ви е потребно посебно знаење, вештина, ниту пак вложени пари, туку само добра намера.
Можеби ќе поправите нечиј ден, а со тоа и самите ќе бидете посреќни.
Во превод, ништо не ве чини ако:
1. Се насмевнете на случаен минувач.
2. Им покажете на луѓето дека може да се потпрат на вас.
3. Кажете благодарам.
4. Бакнете некој кој не го очекува тоа.
5. Или топло го прегрнете.
6. Кажете „изгледаш прекрасно!“ и навистина го мислите тоа.
7. Испратите порака со благодарност на близок човек, без да ви направи посебна услуга.
8. Посакате „добро утро“ дури и кога можеби не е најсјајно.
9. Потпевнете иако не сте расположени.
10. Изненадите некого со повик.
11. Ги измиете садовите, иако не е ваш ред.
12. Го фрлите ѓубрето, иако не е ваш ред.
13. Игнорирате да возвратите на простите навреди.
14. Испратите кратка порака „те сакам.“
15. Сварите кафе на некој близок колега или пријател.
16. Сочувате оглас за работа кој можеби ќе му се најде на човек во неволја.
М. Д. | Црнобело