Достоевски: По насмевката ќе го видите карактерот на човекот
Доколку сакате да го видите човекот онаков каков што е и да ја запознаете неговата душа, не набљудувајте го додека молчи или додека зборува или додека плаче, па дури ни кога се возбудува од некои благородни идеи, туку најдобро би било да го погледнете додека се смее.
Јас добро знам дека насмевката е најсигурниот начин да се препознае душата.
За насмевката, пред сè, е потребна искреност, а зарем има искреност кај луѓето?
За насмевка е потребно да не си злобен, а луѓето најчесто се смеат пакосно.
Искрената и незлобната насмевка значат радост, но дали луѓето во денешно време знаат да се веселат и умеат да бидат радосни?
Радоста на човекот е неговата највидлива карактерна црта, таа која најмногу го оддава.
Потребно е долго време за да запознаете нечиј карактер, но штом човек барем еднаш ќе се насмее сосема искрено, тој ќе ви го покаже целиот негов карактер, како да ви е послан на дланката.
Само многу возвишен и среќен човек може да биде весел и да ги зарази и другите со смеата; да се биде неодоливо, љубезно весел.
Не зборувам за неговиот ментален развој, туку за карактерот, за човекот онаков каков што е.
Ако се смее добро, знајте дека е добар човек.
(О)Милена | Црнобело