„Сè повеќе читам книги, а сè помалку бришам прашина“ – Мудростите на една старица

Една старица решила да ѝ напише писмо на својата пријателка. Ова се зборови кои секоја жена мора да ги прочита и да се освести.

se-povekje-citam-knigi-a-se-pomalku-brisam-prasina-mudrostite-na-edna-starica-001.jpg

„Драга моја,

Сè повеќе читам, а сè помалку бришам прашина. Седам во двор и уживам во погледот без грижа за обраснатата трева. Цело време го поминувам со семејството и пријателите, а помалку со обврските.

Животот мора да се живее, а не да се издржува. Сега пробувам да ја сфатам оваа реченица и повеќе да ја ценам.

Ништо веќе не чувам – го користам убавиот порцелан, од кристалните чаши пијам секојдневно.

Го носам капутот за свечени настани кога одам до супермаркет или до центар.

Се прскам со старите парфеми кои цел живот ги чував за посебна пригода.

Веќе не ми е гајле дали сум накачила некој килограм и дали мијалникот во кујна е секогаш чист  и празен.

Зборовите ‘еден ден’ веќе не постојат во мојот речник. Ако нешто вреди да се направи или види, се трудам тоа да го направам или видам сега и одма.

Не сум сигурна што би правеле другите да знаат дека утре нема да бидат овде...

Но, јас знам дека би го собрала семејството и пријателите. Би ги обновила контактите со заборавените пријатели и би им простила на оние со кои сум скарана.

Сакам да одиме сите заедно на некои палачинки, или било каква вкусна храна, и да уживаме.

Ова не се ситници и би се налутила кога моето време залудно и истекло, а притоа не сум направила сè што сум сакала. Не би сакала да си скратам било какво задоволство.

Би била бесна што никогаш не им се јавував на одредени луѓе, мислејќи дека има време.

Би била лута што почесто не им кажував на родителите, како и на сопругот, колку многу ги сакам.

Драга моја, периодов се обидувам да не одложувам било што, што може да ми стави насмевка на лицето. Секој ден ми е посебен. Секоја минута ми е подарок.

Животот не може да биде постојана забава, но додека сме тука, најмалку што можеме да направиме е да танцуваме.

Извор

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg