Поучна приказна: „По 50 години брак ја погледнав сопругата и...“
Интересна поучна приказна што кружи на интернет:
По 50 години брак, еден ден внимателно ја погледнав сопругата и ѝ реков:
„Пред 50 години имавме мала куќа, стар автомобил, спиевме на каучот и гледавме на мал црно-бел телевизор. Но, секоја ноќ одев во кревет со прекрасна 19-годишна девојка.
Сега, имам огромна куќа, скап автомобил, голем кревет во луксузна соба со огромен телевизор, но спијам во кревет со 69-годишна жена.
Почнувам да се сомневам во својот брак.“
Мојата сопруга е многу присебна жена. Не беше навредена, едноставно ми предложи да најдам девојка од 19 години, а таа ќе се погрижела повторно да живеам во мала куќа, да спијам на стар кауч и да гледам во мал црно-бел телевизор.
Жените се прекрасни, зарем не? Вистината е дека секоја жена знае совршено да ги реши проблемите на својот маж!
С. С. | Црнобело