Вчера се нервирав за боја за нокти, денес мислам како да си го спасам животот

vchera-se-nervirav-za-boja-za-nokti-denes-mislam-kako-da-si-go-spasam-zhivotot-01.jpeg

Вчера се нервирав дека гелот за нокти не ми е во вистинската нијанса,

Дека ми го купиле последното бројче од фустанот што ми се допаѓа,

Дека партнерот наместо 10, ми купил 1 роза,

Дека струкот не ми е тенок како на моделите,

Дека другарката ми задоцнила 15 минути на закажаната средба,

Дека на работа колешката ме погледнала накриво,

Дека јадам многу чоколадо и ќе се здебелам,

Дека немам чевли во бојата во која ми е новата чанта...

Банално, банално, банално.

Просто човек да се засрами што сè може да му создаде бес , револт, тага и разочараност.

И не сум само јас, секој еден се нервира за работи за кои ИМА решение. Се нервираме дека немаме партнер, имаме многу работни обврски, имаме регистрација на автомобилот пред нас, немаме покачување на плата, имаме непријатели, немаме доволно патувања и што уште не.

СТОП! Имаш добро здравје и тоа е доволно. Дури и тие мали здравствени проблеми што ги имаш и за нив постои решение.

Но, што кога нема лек и никој ништо не ти ветува за сигурно?

Тогаш сфаќаш колку многу си имал претходно, но не си ценел. Си имал совршено здравје и си требал да му благодариш на Бог за тоа секој ден.

Да, тоа е доволно и сега само небото е граница. Штом го имаш тоа сето друго е променливо, решливо, привремено, банално и невредно за нервоза.

Диши со полни гради, биди среќен човек.

Заборави на ситните нервози. Не си го труј мозокот.

И запомни дека многу луѓе сè би дале за да се на твое место.

Ако си совршено здрав, само од тебе зависи дали ќе си дадеш шанса да бидеш совршено среќен.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg