Работите што ти го кршат срцето те „поправаат“ на други начини

rabotite-shto-ti-go-krshat-srceto-te-popravaat-na-drugi-nachini-01.jpg

Работите што ти го кршат срцето ќе ти дадат јасност. Ќе ти дадат нова перспектива на животот, на луѓето, на болката и на закрепнувањето.

Ќе ти ги отворат очите да ги видиш работите такви какви што навистина се, а не такви какви што ти сакаш да ги видиш. Ќе ја видиш вистината и вистината ќе те ослободи.

Работите што ти го кршат срцето те учат како да преживееш. Те учат дека некои работи не се судени за тебе и дека некои луѓе не се добри, без разлика колку ти веруваше во нивниот потенцијал.

Работите што ти го кршат срцето ти даваат верба затоа што знаеш дека Господ направил тие работи да испаднат така со причина. Знаеш дека оттргнал некои луѓе од твојот живот затоа што тие немало да ти го направат ниту поубав, ниту полесен.

Работите што ти го кршат срцето те држат поблиску до сам себе. Прават да размислиш кои се твоите граници и ти даваат одговори за тебе и за другите.

Прават да прифатиш дека кршењето на срцето секогаш ќе биде дел од твојот живот. Да сфатиш дека секогаш има нешто добро во збогувањето.

Работите што ти го кршат срцето ќе направат да разбереш дека луѓето се менуваат, љубовните врски завршуваат, пријателите си заминуваат, губиме сакани личности, животот нè изненадува со трагедии и единствената работа што прави разлика е како ти реагираш на тоа.

Колку добро си подготвен за хаосот што следува. Како се штитиш од внатрешната штета што може да ти ја причинат тие работи. Како се составуваш повторно за да можеш да дишеш повторно и да продолжиш со животот, иако се чувствуваш уништен.

Ако тогаш имаш сила да застанеш на нозе, ако истраеш и се бориш, ќе бидеш свесен дека ништо повеќе нема да може да те скрши.

Извор

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg