Подобро е да ги пуштите работите, отколку да ги стискате во рацете по секоја цена
Подобро е да си дадете отказ од работата која ја мразите, пред целосно да ве уништи физички и психички. Бидејќи времето не се враќа назад, а здравјето е најскапоценото нешто што го имате на себе.
Подобро е да ја раскинете лошата љубовна врска, онаа која ве унесреќува и расплакува, наместо да ве прави весели и среќни.
Најлошо е кога некој ви ја одзема можноста да љубите. Кога ве преморува и немате доволно верба и надеж во љубовта, убедувајќи се дека истата е само празна илузија.
Лошите партнери ја имаат таа моќ во себе. Само затоа што сте налетале на еден лош партнер, не значи дека сите останати се такви.
Подобро е да му ставите точка на лошиот брак. Оној во кој сте маргинализирани, во којшто сте жртва наместо херој на сопствениот живот.
И разводот е за луѓе. Впрочем, понекогаш е најдобриот лек за којшто не сте знаеле дека ви е токму она што ви е потребно. Бидејќи нема полошо чувство да се разбудите покрај некого што го мразите, дали утре, дали за 30 години отсега.
Подобро е да се раскрсти со лошите пријателства. Луѓето се менуваат, созреваат, еволуираат. Она што ви одговарала некогаш не значи дека ви одговара и денес во поглед на пријателствата. Некои пријателства избледуваат. Тоа значи дека не биле вистински, ниту доволно вредни. Или дека сте ги надраснале.
Некои пријателства се токсични. Ве оставаат немирни, нервозни, ви го крадат сонот, со прашањата – „зошто пријателот постапи така, зошто ми го кажа тоа, зошто толку ме навреди?“ Доколку се препознавте во некоја од овие ситуации, прекинете го пријателството, културно, цивилизирано и без горчина. Со сила убавина не бидува.
Подобро е да сфатите што вистински ве усреќува наместо да трчате по лажни идеали, туѓи соништа и општествено утврдени шаблони на однесување. Нема правилно и нема погрешно. Треба да го имате на ум само она што вас ве усреќува.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: (О)Милена | Црнобело