Го остави „кошмарот од сопруг“ без око да ти трепне - Браво жениште!
Не беше тој сопруг каков што си посакуваше себеси.
Уште полошо не беше добар татко на вашето дете.
Не му беше добар пример, ниту го сакаше како што заслужуваше да биде сакано.
Вие, неговото најблиско семејство, за него бевте товар и обврска.
Тој уште копнееше по ергенски живот. Го гушевте. Ве обвинуваше за сè што не чини во неговиот живот.
Покрај вас, тој не пронајде среќа.
Никогаш не се будеше со насмевка благодарен на животот што ве има.
Му ги трошевте сите пари, работел само за да ве издржува.
Си го избрзала со брак, тој не бил спремен за деца.
Рано му било. Тешко му било.
Гледаше по други жени. Ве хранеше само со трошки од своето внимание.
Ширеше тензија, негативна енергија, животот го правеше тежок за живеење.
Од него најдоброто што можеше да го добиете беше светла нијанса на сив ден. Никогаш сјај, среќа, пеперутки.
Никогаш вистинска љубов.
И ти го остави. Онака без око да ти трепне.
Му даде доволно шанси. Му даде доволно време.
Не сакаш да бидеш причина за нечие мизерување, ниту ти да мизеруваш поради него.
Не сакаш детето да ти има руина од човек за татко.
Не сакаш детето со несреќа да ти се пои секој ден.
Беше силна како никогаш во животот. Пресече таму каде што среќата немаше надеж никогаш да зацарува.
Си донесе себе и на своето дете светло утро.
Браво жено, браво ти жениште!
Ти среќа ќе најдеш, затоа што имаш храброст да ја бараш...
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: С. С. | Црнобело