Се краде цвеќе, се кршат лулашки, Охридското Езеро е загрозен вид - вака ли се сака државата?

Се санираат детски игралишта, се поправаат лулашки и клацкалки и на крајот апел – да не се уништува урбаната опрема.

Ohridskoto-ezeroe-zagrozen-vid-vaka-li-se-saka-drzavata-01.jpg

Втората вест на денот е дека постојано се обновува зеленилото и цвеќето во градскиот парк, но постојано се краде и не може да се постигне со одржување и разубавување на единственото поголемо парче зеленило кое преживеа во главниот град.

Каков народ, какви штеточинки. Пена да ти фати устата од повторување едно те исто и на крајот од денот е залудно, сè е исчкртано, искршено, уништено и запустено.

Не е само да се направи, треба и да се внимава, да се чува и одржува. Ништо не трае вечно, но рокот на траење може да му се продолжи со внимателно користење.

Која внимателност да ја очекуваме од сопствената нација? Го мрзи да пооди уште 20 метри до пешачкиот премин па прескокнува леа со трева и цвеќе, безмилосно газејќи ги, лут што имало вода во тревата, па се наводенил.

Навистина господине, извинете од срце. Извинете што си ги наводенивте патиките додека го уништувавте зеленилото и цвеќињата.

Тетки и бабички дојдени со торбулиња и кеси и откопуваат цвеќиња, ќе си ги засаделе во дворче. Па кој е зборот или бројката да ја опише оваа мизерија на менталниот склоп? Ќе се смени ли некогаш?

Страв и паника да го фати човек. Ништо не ви е мило, ништо не ви е драго. Ваму ќе се потепаме за државата, нацијата, идентитетот, јазикот и името, ваму ќе крадеме цвеќе, ќе уништуваме лулашки, ќе оставаме ѓубре каде стигнеме.

Вака ли се сака државата? Охрид е тргнат од листата на УНЕСКО и префрлен во загрозени видови. Каков огромен пораз, каква тага. Луѓето од другите земји се молат да имаат таков бисер, а ние го уништивме. Со дивоградби, со несовесност, со лоши политики, со корупција, со бетонирање за да имате каде да го испиете вашето кафе покрај езеро. Безмозочни, нема друг збор за нас.

Да не остане зелено стракче, да не остане дрвце, да нема цвеќенце, да не зазелени трева. Да биде трговски, да има кафулиња, да врие бетонот, да се давиме во ѓубре, да шутираме сè околу нас, да го уништиме и последното зрнце убавина.

Кога ќе сотреме конечно сè околу нас, ќе се смириме ли? Ќе научиме ли, пред да стане предоцна?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg