Денес има сè да се купи, нема пари...

Денес има сè да се купи, нема пари. Има народ, но нема луѓе. Има бучава, но ретко смеа. Бујни деколтеа, но без мозок. Напумпани мускули, но без манири.

Ima-se-da-se-kupi-nema-pari-01.jpg

Има мажи, но ретко џентлмени. Има жени, но не и дами. Има школо, но не и образование. Куќи и станови, но не и вистински домови. Има скапи фасади и разурнати ѕидови.

Има ручек, но не домашен, има слатко, ама купечко од продавница. Има скапи душеци, но немирен сон. Има витамини и суплементи, но и двојно повеќе болести.

Има премногу шминки, но не ја покриваат грозната душа. Има муабети, ама повеќето се празни или озборувања. Милион познаници, но ниту еден вистински другар.

Има скапи чанти, но евтини паричници. Има уште поскапи чевли, ама и несредени нокти. Има силни парфеми, но слабо бањање.

Има родители, нема воспитување. Има и дечиња, но не и игри на улица.

Има рецепти, но не и лекови. Има патарини, но не и патишта. Има институции, ама нема ред. Има држава, ама нема идентитет.

Има паметни деца, но нив ни ги краде туѓината. Има светлина, ама ние тонеме во темнината…

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg