Никогаш повторно нема да имаат љубов како нивната - чиста, детска, невина

Ќе се сеќаваат на скромноста која летниот одмор во Охрид им го правеше незаборавно искуство. Сега, повеќе не се такви. Не се толку чисти и невини. Не сакаат така безрезервно.

nikogash-povtorno-nema-da-imaat-ljubov-kako-nivnata-chista-detska-nevina-01.jpeg

Никогаш повторно нема да сакаат некого како што се сакаа еден со друг.

Беа свесни кога си ги разделуваа рацете…

Но, и многу свесни дека беа премали за да растат заедно. Толку мали што само би се загушиле еден со друг ако се одлучат на таков чекор.

Диви, спонтани и со срца чисти, тие се сакаа како да нема утре.

Така само дете може да сака, добро тинејџер.

Си ги кажуваа соништата. А тие беа големи, толку големи што би заплашиле возрасна личност, но не и нив.

Си ги кажуваа болките. Уште не беа повредени од некого за да бидат со школка околу срцето.

Се сакаа безрезервно, без задршка си кажуваа дека се сакаат.

Како ранети животни плачеа еден за друг.

Лелекаа кога нешто ќе им фрлеше сива сенка врз светот обоен во розово.

Мислеа дека нема да имаaт утре еден без друг.

Но, сите околу нив знаеја дека ќе имаат...

Утра и утра кога ќе растат, ќе бидат возрасни, ќе сакаат, ќе се разделуваат од други личности и секогаш со насмевка ќе се сеќаваат еден на друг.

Ќе се сеќаваат на слатките средби на клупите во парк, на скромноста која летниот одмор во Охрид им го правеше искуство за кое говореа со денови.

Сега, повеќе не се такви. Не се толку чисти и невини. Не сакаат така безрезервно.

Сега, внимаваат да не бидат повредени, искористени, излажани. Сега, многу мерат пред да направат потег.

Сега, се малку плашливи и неискрени во љубовта.

Но, така е тоа. Сега се големи.

Некогаш беа деца, имаа детска љубов, имаа љубовна авантура од чии спомени убаво ќе им биде на душата до крајот на животот.

И треба да бидат среќни што ја имаа...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg