Кога Бог ја создавал жената, ја направил со една маана…

Кога Бог ја создавал жената, работел до многу доцна на шестиот ден…

Koga-Bog-ja-sozdaval-zenata-01.jpg

Ангелот дошол и прашал: „Зошто трошиш толку многу време на неа?“

Тогаш Бог одговорил: „Дали си ги видел сите критериуми кои треба да ги исполнам за да ја обликувам неа?“

„Таа мора да функционира во сите можни ситуации.

Таа мора да биде способна да прегрне неколку деца истовремено.

Да има прегратка која ќе може да излекува сè, од скршено колено до скршено срце.

Таа мора да го прави сето ова со две раце, да се лекува кога е болна и да работи по 18 часа дневно“.

Ангелот бил импресиониран… „Само две раце… невозможно! И ова е стандардниот калап?“ Се приближил поблиску и да допрел жената.

„Но, си ја направил толку нежна, Господе“.

„Таа е нежна“ – одговорил Бог. „Но, ја направив силна. Не можеш да замислиш што сè може да поднесе и какви препреки може да помине“.

„Може ли да размислува?“, запрашал Ангелот.

Бог одговорил: „Не само што може да размислува, таа може да резонира и да преговара“.

Ангелот тогаш ги допрел нејзините образи…

„Господе, се чини дека твојата креација протекува! Си ставил премногу бремиња во неа“.

„Таа не истекува… тоа е солза“ – Бог го коригирал Ангелот…

„Што ѝ е функцијата?“, запрашал Ангелот.

„Солзите се начин да ја изрази нејзината тага, нејзините сомнежи, љубовта, нејзината осаменост, нејзиното страдање и гордоста…“.

Ова го импресиониралo Ангелот.

„Господе, ти си генијален. Си мислел на сè. Жената е навистина импресивно суштество.

Бог одговорил: „Навистина е.

Таа има сила која го зачудува мажот.

Таа може да се справи со неволјите и да носи тешки бремиња во себе.

Таа во себе носи среќа, љубов и мислења.

Таа се смее кога чувствува дека сака гласно да вреска.

Таа пее кога чувствува дека ѝ се плаче, плаче кога е среќна и се смее кога е исплашена.

Таа се бори за она во коешто верува.

Нејзината љубов е безусловна.

Нејзиното срце е скршено кога некој роднина или пријател умира, но таа наоѓа сила да продолжи со нејзиниот живот“.

Ангелот запрашал: „Значи таа е совршено суштество?“, на што Бог одговорил: „Не. Таа има една маана.

ТАА МНОГУ ЧЕСТО ЗАБОРАВА КОЛКУ ВРЕДИ.

- Непознат автор

Извор

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg