Бркаме лажни соништа, се поклонуваме на лажни богови – 10 работи на кои може да нè научи само времето
Животот поминува додека да трепнеш. Многу пати сме ја слушнале оваа реченица, но ја земаме „здраво за готово“. Мислиме дека го имаме целото време на светот, кога всушност животот е краток, колку еден здив.
Најголем дел од времето го поминуваме грижејќи се за работи што нема да се случат и проблеми кои најчесто си ги создаваме самите.
Ова се 10 важни работи на кои може да нè научи само времето:
1. Најголемиот дел од животот го трошиме во остварувањето на лажни соништа и обожавањето на лажни богови и идеали. Денот кога ќе го сфатите ова е истиот кога ќе започнете да живеете.
2. Не можете да им угодите на сите луѓе околу вас. Најважно е да се ставите себеси на првото место, а саканите на второ. Сите други околу вас се зафатени со тоа да си угодат и да се задоволат себеси.
3. Борбата против стареењето е еднакво бесмислена како фаќањето на ветрот во дланката. Едноставно опуштете се и уживајте. Вашето тело ќе започне да се менува, но зарем не било така отсекогаш? Не трошете време и пари со цел да го свртите обратно процесот на стареење, туку обидете се ја пронајдете убавината во промените.
4. Никој не е совршен и никој не е целосно, вистински среќен. Кога еднаш ќе го сфатите ова ќе престанете да се споредувате со другите и ќе се ослободите од сите предрасуди. Ќе почувствувате олеснување.
5. Никој не го забележува она што го правите како што треба. Сите се насочени кон вашите грешки. Кога ќе го увидите ова ќе започнете да ги правите работите онака како вам ви одговара, без да се грижите за мислењето на другите, туку само за своите причини и ќе се забавувате многу повеќе.
6. Еден ден ќе се покаете за тоа колку многу сте го мразеле сопственото тело. Колку побрзо ќе го засакате храмот во кој живее вашата душа, толку подобро. Вашето тело е прекрасно и важно, но не ве дефинира како човек.
7. Здравјето е очигледно многу важно, но стресот, стравот и грижите ќе му наштетат многу повеќе отколку кој било пијалак или вкусно јадење кои си ги забранувате. Среќата, мирот и балансот се најдобрите лекови.
8. Кој ќе ве памети и по што? Вашата љубов и мудроста ќе продолжат да живеат многу повеќе и подолго отколку кое било материјално предметче кое ќе го оставите зад себе. Затоа раскажувајте ги своите приказни, тие ќе ве надживеат.
9. Нашиот животен век не е премногу долг, но доколку живеете удирајќи ја главата од ѕидот, животот може да ви изгледа како доживотна, бесконечна казна. Животот не е некоја задача која мора да се изврши, треба да го чувствувате како авантура.
10. Секогаш, секогаш пијте од најубавото вино и употребувајте ги работите кои ги чувате за „специјални пригоди“. Утрешниот ден не ви го гарантира никој. Нека секој ден ви биде специјална пригода.