Можеш ти жено сè што ќе посакаш, само немој да венееш покрај лошиот маж
Што сè постигнува една жена, знае само таа, иако често и не е свесна за своите моќи.
Можеш ти жено, да работиш по 18 часа дневно, и две и три работи ако треба, да трчаш од едно да друго место, да влечкаш со себе цел куфер, додека облеката ти е пеглана, во обид да изгледаш пристојно и ако ништо помалку, барем чисто.
Можеш ти жено, да ја глумиш својата мајка – карпа.
Можеш ти жено, да правиш што си наумила и што сакаш, иако не би требало.
Бидејќи ете, одредено ти е да бидеш дама, понежниот пол, треба да лакираш нокти, да носиш темен кармин кој ти ги истакнува усните, здолништа, фустани и кошули...
Не знаат жено, дека со тие раце како терминатор, со посеконити и гребаници - можеш апсолутно сè!
Готвиш ручек, внесуваш, изнесуваш и собираш како во мравјалник. Знаеш што ти недостасува. Се изморуваш, Но, не застануваш. Не стигнуваш, но и понатаму пружаш. Ја игнорираш критиката како не мислиш на себе и немаш живот. Ниту љубов.
Можеш ти жено, да си ги спакуваш работите и во рок од 20 минути за отидеш во „ветената земја.“
Можеш ти жено да се сместиш во подрумот на ресторанот, во сместувањето кое има само едно мало прозорче и ништо повеќе.
Можеш и да се шверцуваш во автобус, да чистиш, да работиш во ресторан како готвачка и келнерка, а во меѓувреме да читаш цели скрипти и речници.
Можеш ти жено, да имаш кој и да посакаш во овој град. Но, не ти е до тоа. Немаш време за било кој. Немаш волја, нерви. Не ти стигнува денот кој трае само 24 часа.
Можеш ти жено да мислиш на сите освен на себе, додека од стомакот не зазуи „помош!“ за да сфатиш дека ни самата не знаеш дали денес си каснала нешто, не се сеќаваш ни дали кафето си го допи.
Ако веќе ринташ по цел ден, нека биде барем за правиот маж. Нека биде добра личност. А, луѓето и комшиите? Ниту те ранат, ниту те облекуваат...