Несигурност vs. Интуиција - Како да ги разграничиме?

Дали некогаш сте се запрашале дали оној глас што го слушате во вашата глава е вашата интуиција или пак само начин на кој се манифестираат вашите несигурности? Како знаете дека рационално ја согледувате ситуацијата - според чувството во стомакот дека нешто не е во ред или според она за кое сте постојано загрижени? Многу луѓе постојано се збунети за разликата меѓу несигурноста и интуицијата.

Neisigurnost vs intuicija kako da gi razgranicime 01

Ајде да ги разграничиме овие две нешта и да разгледаме како се разликуваат:

Несигурност

Несигурноста доаѓа од лажните верувања што се програмирани во нас - во долниот дел од нашиот мозок, амигдалата, уште кога сме биле мали деца. Амигдалата е мал орган во облик на бадем во основата на мозокот каде се наоѓа нашиот систем за борба кој е инстинктивен.

Тоа е, исто така, местото каде што се чуваат програмирани лажни верувања, а токму овие лажни верувања предизвикуваат страв и несигурности. Несигурноста доаѓа од заклучоците што ги донесуваме за себе, за другите и за она што мислиме дека можеме да го контролираме.

Кога ќе се слушнете како кажувате нешто за себе, како на пример: „Не сум доволно добар за мојот партнер, ќе најде некој подобар од мене“ или „Ме изневерува бидејќи јас не сум доволно добар за него/неа“ - ова доаѓа од вашето програмирано, само-повредено его кое измислува работи како божем ја знае вистината. Но, овој аспект од нашето битие нема пристап до вистината.

Neisigurnost vs intuicija kako da gi razgranicime 02

Ние пристапуваме до вистината кога работиме со друг дел од нашиот мозок - нашиот префронтален кортекс, кој е помирен и порационален дел. Кога работиме со овој мозочен регион, ние сме отворени за нови лекции.

Од друга страна, нашиот програмиран мозок мисли дека веќе знае сè, па затоа не ја бара вистината. Често тоа доведува до тоа да реагираме врз основа на ирационални лаги, а тие лаги создаваат несигурност.

Интуиција

Интуицијата доаѓа од местото на вистината одвнатре, и тоа не предизвикува чувство на страв и самоодрекување. За разлика од несигурноста, овие мисли доаѓаат од место на самољубие.

Ако имате интуиција дека вашиот партнер се оддалечува или има афера, на пример, важно е да обрнете внимание. Вашата интуиција ви овозможува да добиете важни информации за тоа што може да се случува со вашиот партнер и што може да се случува помеѓу вас.

Интуицијата ви овозможува да делувате со вистината, па наместо да го напаѓате вашиот партнер од страв, можете да му пристапите со отворено срце и желба за учење - што е всушност она што создава сигурен простор за вашиот партнер да биде искрен.

Nesigurnost vs intuicija kako da gi razgranicime 03

Начинот на кој можете да ја разберете разликата помеѓу интуицијата и несигурноста е да им верувате на своите чувства.

Доколку она што го чувствувате е некоја комбинација на страв и себе-осудување, тие чувства ве известуваат дека вашето рането его ги предизвикува проблемите.

Интуицијата, од друга страна, ве води да преземете важни дејствија во свое име. Несигурноста е вкоренета во вашиот недостаток на вредност, додека интуицијата е буден бранител на вашата вредност.

Колку повеќе го слушате внатрешниот глас на вистината, а не го слушате гласот на лагите, толку повеќе знаете дека можете да му верувате на вашето внатрешно знаење.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
До сите родители кои треба да им ја кажат вистината за Дедо Мраз на своите деца „Дедо Мраз постои, но тој не е старец со брада и црвен костим. Тоа е само нешто ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Катарина Ивановска за CRNOBELO лексикон: „Во слободно време месам“ „Се скривме со другарка ми Ана зад кревет кога имавме 5 години. Нашите нè бараа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg