Престани да ја бараш среќата на истото место каде што ја изгуби

Prestani-da-ja-baras-srekjata-na-istoto-mesto-01.jpg

Престани да ја бараш среќата во другарот кој те изневерил, тешејќи се со „старите добри времиња“. Убедувајќи се дека тој не е таков, дека ќе се поправи, дека ќе си ја признае грешката. Другарството кое еднаш е изгубено, засекогаш останува такво.

Престани да ја бараш среќата во партнерот со кого љубовта се скршила како огледало на илјадници мали парченца. Не можеш повторно да го составиш. Дури и да го сториш тоа, секогаш ќе гледаш во пукнатините кои ќе те потсетуваат на лошите спомени.

Престани да ја бараш среќата во работата која одамна не ти причинува задоволство. Престани да се самозалажуваш, да се надеваш на чудо, дека некако магично ќе се подредат коцките и одеднаш ќе станеш задоволен и среќен.

Престани да ја бараш среќата во материјални нешта. Тие здосадуваат, избледуваат, се кршат, го губат сјајот. Не може вистински да те усреќат подолго од 2 дена. Не умеат да зборуваат, да те утешат и да те гушкаат кога ти е најмногу потребно. Тие не те сакаат.

Престани да ја бараш среќата во сите други околу тебе додека не ја најдеш во себе. Како очекуваш да те почитуваат, ако не се почитуваш самиот? Како очекуваш да те сакаат, ако ти се мразиш себеси?

Престани да ја бараш среќата на истото место каде што ја изгуби. Во пријателството, во љубовта, на работа, во големите супер маркети и продавници, во другите околу тебе.

Целата среќа е во тебе. Ти си среќа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg