Зошто Македонците се толку нервозни? Има зошто, верувај ми!
Затоа што работат за плата од 200 евра.
Затоа што се чудат како да го истераат месецот од 1-ви до 1-ви.
Затоа што не можат да тргнат пари на страна и да појдат на еден пристоен летен/зимски одмор.
Затоа што ако случајно имаат некоја свадба, роденден, крштевка, слава во месецот, тогаш и Ајнштајн не може да им помогне како да ја направат математиката со пари до крајот на месецот.
Затоа што автомобилот им покажува знаци на дефект и не можат да му го направат редовниот сервис.
Затоа што децата на 1-ви септември не можат да ги дотераат во нови алишта без да стиснат заби.
Затоа што не можат децата апсолвенти да ги пратат на апсолвентска екскурзија и ги убедуваат дека ќе има други пригоди за да шетаат низ светот.
Затоа што мора да минат низ сите маркети за да видат каде цената на зејтинот е најниска.
Затоа што мора да одат до пазар бидејќи таму јагодите се на половина цена од маркетите.
Затоа што носат чевли стари 10 години и се убедуваат себе дека не им се потребни нови.
Затоа што мораат да внимаваат бојлерот да се пушта само на евтина струја.
Затоа што избегнуваат да канат гости бидејќи еден пречек им е најмалку 500 денари и им е премногу.
Затоа што мора да се справат со осудувачките погледи на децата кога по втор пат во неделата им зготвиле гравче.
Затоа што е беспарица и едвај крпат крај со крај... Ете затоа се нервозни!
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: С. С. | Црнобело