Некој друг ќе ја цени девојката што ти ја земаш здраво за готово

Таа е планот, кој не се чувствуваш лошо ако го откажеш. Таа е опцијата Б кога нема да најдеш некоја друга во град. Таа е онаа со која играш игри само затоа што „ти се може“.

nekoj-drug-kje-ja-ceni-devojkata-shto-ti-ja-zemash-zdravo-za-gotovo-01.jpg

Таа е онаа на која ако ѝ пишеш порака знаеш дека ќе ти биде одговорено. Онаа кога знаеш дека со сигурност дека за тебе си сторила сè.

Таа е планот, кој не се чувствуваш лошо ако го откажеш.

Таа е опцијата Б кога нема да најдеш некоја друга во град.

Таа е онаа со која играш игри само затоа што ти се може.

Сакаш да гледаш како реагира на работите.

Таа е онаа што прва ти ги гледа сторињата на Инстаграм, иако единствената причина што стави стори е што сакаше некоја друга да го види.

Таа е твоето сигурно ќебе. Онаа што е тука кога работите ќе ти тргнат на лошо, што те теши и те составува кога се распаѓаш.

Таа е онаа што го менува распоредот и прави жртви за тебе. Но, ти не го гледаш тоа.

Таа што не ти кажува лоши работи, дури и кога заслужуваш.

Таа е онаа што ја земаш здраво за готово.

Ти гледаш слаба личност, а не некој што треба да го цениш.

Таа што за тебе е предвидлива и здодевна, но за друг ќе биде вистинската затоа што е искрена, знае да сака и има вистински морални вредности.

Тоа што ти го гледаш како игра, за друг маж ќе биде животна прилика. Ќе дојде во нејзиниот живот и ќе ја цени.

Ќе сретне некој нормален кој ќе ја обожава затоа што е лојална и што знае да се грижи за другите.

Прво, ќе ти биде чудно. Повеќе нема да ти биде достапна. Ќе замине и нема да погледне назад.

Тогаш ќе сфатиш што имаше. Но, ќе биде предоцна.

Извор

Би можело да ве интересира:

Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg