Престанав да смислувам изговори за луѓето кои се презафатени да ми вратат 3 зборови на пораката

Порано имав навика да смислувам изговори за луѓето. Си измислував секакви видови на сценарија со цел да го објаснам и оправдам нивното немарно однесување и полесно ми беше да поверувам во сопствените лаги отколку да ја дознаам вистината и да се разочарам.

Prestanav-da-smisluvam-izgovori-za-lugjeto-01.jpg

Но, сфатив дека колку повеќе изговори смислувам за луѓето, толку повеќе сум разочарана и повредена. Колку повеќе се лажеш себеси, толку повеќе ќе те лажат другите.

Па престанав со ова однесување.

Престанав да ги анализирам измешаните сигнали и да читам помеѓу редови, бидејќи луѓето кои вистински се грижат за тебе секогаш ќе ти возвраќаат навремено и брзо со јасни пораки и нема да имаш потреба да се преиспитуваш или да анализираш што било.

Престанав да ги толерирам луѓето кои секогаш имаат нешто да кажат, а немаат што да покажат и научив дека најдобро е да зборуваат делата за луѓето, наместо зборовите.

Престанав да правам исклучоци за луѓето кои не прават исклучоци за мене.

Престанав да се заморувам со луѓето за кои правев сè, а тие беа тука за мене само кога тоа им одговараше ним.

Престанав да бидам достапна за луѓето кои никогаш не беа достапни кога мене ми беше потреба нивната помош.

Престанав да им пишувам на оние кои ми одговараа на пораките тогаш кога ним им одговараше или им се сакаше.

Престанав да мислам дека луѓето на љубезноста возвраќаат со љубезност, бидејќи многу луѓе на љубезноста одговараат со себичност.

Престанав да се убедувам дека луѓето се толку многу зафатени што немаат ниту минутка слободно време да ти одговорат на пораката со неколку зборови. Во прашање се само приоритети.

Престанав да им верувам на зборовите кажани на пијано, бидејќи тие го губат значењето со изгревот на сонцето.

Го намалив разбирањето за луѓето и почнав да станувам рационална.

Престанав да си го комплицирам животот и започнав да го поедноставувам.

ОНИЕ КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА ТЕБЕ СЕКОГАШ ЌЕ НАЈДАТ НАЧИН ДА БИДАТ ПОКРАЈ ТЕБЕ КОГА ТИ СЕ ПОТРЕБНИ. ОНИЕ НА КОИ НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ СЕКОГАШ ЌЕ НАЈДАТ НАЧИН ДА ИЗБЕГААТ. ТОЛКУ Е ЕДНОСТАВНО.

Оние луѓе кои те сакаат ќе ти го по (кажат) тоа. Оние кои не те сакаат вистински ќе ти го кажуваат ова само во моментите кога ним им е потребна љубов, а во моментот кога ќе ја добијат веднаш ќе заборават на тоа.

Оние кои те сакаат покрај себе во својот живот ќе се потрудат, ќе останат во контакт со тебе, ќе ги паметат важните датуми и родендени и годишнини и нема да си дозволат да поминат месеци, па дури и години без да ти се јават и да те прашаат како си.

Оние кои не се грижат за тебе секогаш ќе бидат заглавени во таа сива зона помеѓу странци и пријатели или пријатели и љубовници.

Престанав да се опкружувам со луѓето кои се во сивата зона.

Луѓето се бели или црни. Или се со тебе или против тебе. Или те сакаат или не те сакаат. Или се грижат за тебе или воопшто не им е гајле за тебе. Или смислуваат изговори да не бидат дел од твојот живот или наоѓаат причини да бидат дел од него.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg