17 тешки животни лекции што мора да ги прифатите
Животот е најдобар учител, а тоа најдобро го знаат оние што ги научиле животните лекции на потешкиот начин. Некои од нив воопшто не се едноставни, но се неизбежни, па затоа најдобро е да ги прифатите такви какви што се.
Никој нема да ви помогне. Одговорноста за вашиот живот е единствено ваша и самите треба да си помогнете.
Не можете да направите сè. Чувствувате неограничен потенцијал и тоа е одлично. Но, постојат ограничувања - фокусирајте се на една работа во даден момент.
Треба редовно да вежбате. Грижете се за вашето здравје и тело. Не потпирајте се на фактот дека се чувствувате добро; ќе дојде ден кога ќе бидете благодарни за вежбите во младоста.
Успехот се сведува на упорност. Не се откажувајте. Вашите соништа се важни - тешко се остваруваат, но вреди да се борите.
Подоцна значи никогаш. Ако ги одложувате работите што треба да ги направите, никогаш нема да завршите.
Искуствата и емоциите вредат повеќе од пари. Полна сметка е грижа помалку, но тоа што вистински ќе ве исполни се убавите спомени.
Започнете да штедите сега. Не за да си купувате скапи и луксузни предмети, туку за да создадете навика за редовна заштеда што ќе ви заврши голема работа во непредвидлива ситуација.
Среќата ги следи храбрите и вредните. Ќе имате среќа во животот, но вашата можност да сте среќни се тесно поврзани со вашата упорност. Работете напорно и среќата ќе дојде.
Светот е полн со неправда. Секогаш бидете подготвени за најлошото, се може да се случи.
Секој човек што ќе го сретнете во животот е важен. Не ги земајте луѓето здраво за готово. Почитувајте ги туѓите животи.
Не постои вистински момент да започнете нешто. Тоа што сакате да го направите, направете го сега.
Држете се далеку од погрешните личности. Ако сте во врска што не може да се поправи, продолжете понатаму. Направете го тоа со почит и достоинство, но оставете ја зад себе.
Вашите слабости не значат ништо. Сите имаме слаби страни. Препознајте ги и пронајдете начин да ги управувате.
Сите можности за напредок се надвор од вашата комфорна зона. Иако се чувствувате удобно во одредени рутини, мора да се предизвикате самите.
Сè што вреди - бара време. Постигнувањето на вашите цели бара постепен напредок и подготвеност за долг и напорен пат.
Членовите на вашето семејство се најважните луѓе во вашиот живот. Однесувајте се добро кон нив и ги ценете ги заедно со нивните предности и слабости.
Вашиот живот тече. Нема генерална проба, ова е тоа. Секој момент има смисла и можности во себе.
А. Ш. | Црнобело