А, што ако сакам да живеам просечен живот?
Медиокритетот е синоним за ужас за многумина. Но, што ако тоа е животот што вие сакате да го живеете? Бавниот, лесен и мирен живот ве прави среќни. Зарем тоа не е доволно?
Што ако сте задоволни со едноставните работи што ги имате?
Што ако не сакате да се натпреварувате?
Што ако сте среќни токму онакви какви што сте?
Денешното општество е поттикнато од потрошувачката, и сите чувствуваме притисок да стекнеме се што ни е потребно. Ако тоа не ни успее, си го претвораме секојдневието во очај и разочарување.
Што ако сте станале свесни за тоа колку брзо се движи светот и сакате само да застанете и да уживате во едноставните убавини?
Што и да ве прави среќни, тоа за вас е доволно! Затоа ако:
...сакате да станете мајка, сестра и нечија жена - тоа е доволно!
Не ја потценувајте моќта да бидете мајка, сестра и жена. Ако сте мајка, сестра или жена и го читате ова, заслужувате признание. Вашата љубов кон вашето семејство е движечка сила во заедничкиот живот.
...сакате да подарувате мали но значајни подароци - тоа е доволно!
Фокусот почесто е на оние кои даваат милијарди долари во добротворни цели, но постојат и луѓе кои едноставно даваат храна на питачи или спасуваат беспомошни животни. Тие се доволни за враќање на вербата во човештвото.
...не се вклопувате во критериумот на општеството за тоа што значи да се биде секси - не е важно!
Денешното општество е програмирано да мисли дека да се биде секси значи тесна половина, истакнати стомачни мускули и кристално чиста кожа. Но, да се биде убав е многу повеќе од она што очите можат да го видат. Прифаќањето на себеси е посекси од било што.
...сакате скромен дом - доволно е!
Не секој може да си дозволи да живее во замок или да создаде куќа како на фотографија од Pinterest. Ако не ви се допаѓаат луксузни и модерни украси, вашиот скромен дом е сосема доволен.
Доволен е да ја одржи безбедноста на вашето семејство, да видите дека вашите деца уживаат во добра храна и доживуваат среќни моменти.
...сакате да уживате во едноставен живот - тоа е доволно!
Што ако вашиот спокој ви е се на светот? Ако не сте отсечени од хаосот на ова општество, во ред е да бидете поинакви. Доволно е да ви треба самотија и смиреност, ако тоа значи да се биде физички, духовно, психички и емоционално здрав. Понекогаш, во овој живот бркаме многу работи, но заборавиме вистински да уживаме во него.
...ги прифаќате вашите ограничувања - на вистинскиот пат сте!
Што ако сте целосно свесни за вашите несовршености? И наместо да бидете фрустрирани, целосно ги прифаќате вашите ограничувања? Прифаќањето на своите недостатоци значи да сте свесни дека никој не е совршен.
Ако другите гледаат на мирниот живот како на нешто просечно, оставете ги. Вие сте среќни со својата просечност, и тоа е доволно.
А. Ш. | Црнобело