Тетке, не те сакаат затоа што ти за секој „знаеш“ што е најдобро!

tetke-ne-te-sakaat-zatoa-shto-ti-za-sekoj-znaesh-shto-e-najdobro-01.jpg

Не може бе тетке ти да си најпаметна, најубава, најдомаќинка, најсовршена жена на светов.

Едноставно, не е реално да немаш една мана. Поточно кажано да мислиш дека немаш ниту една мана.

Затоа што ние другите ги гледаме твоите мани и тоа оддалеку. Одблиску уште повеќе.

Нема да навлегувам во сè што не чини кај тебе. На крајот од денот која сум јас да судам?

Но, ќе ти ја посочам карактерната особина зошто не си сакана и зошто луѓето не уживаат да го минуваат времето со тебе.

Фалбаџика си! И сакаш да имаш улога на даскал, односно да бидеш учителка за животот секаде и секому.

Напорна си со сите твои нагласувања на „достигнувањата“ (дека знаеш каде има најдобар компир во градот пример) и со сите тие совети кој како треба да живее и за кој што е најдобро во животот.

Па, не можеш ти да знаеш што е најдобро за мене. Едноставно нереално е.

Не си му никому во главата и срцето и не ја знаеш неговата перцепција за тоа што за него претставува среќен живот.

Во ред е ти да си живееш така како што сметаш дека треба и е правилно, но остави ги другите слободно да дишат.

Сподели искуства со нив, некоја мудра мисла, но дозволи и тие да споделат некој свој став, гледиште и прифати им ги.

Не се втурнувај веднаш во жестока дебата дека така не треба и ти ќе ги научиш како треба.

Никој не бара од тебе да го изведеш на вистинскиот пат.

И ако сакаш воопшто да бидеш дел од животниот пат на луѓето престани да ги тормозиш.

Денес луѓето немаат голем праг на толеранција и ако им ја полниш главата ќе те исклучат од својот живот.

Нема да трошат време и енергија со некој што само им прави јадови на душа или ги иритира.

Олабави се, живеј си како сакаш и остави ги другите да си живеат како сакаат.

Повеќе ќе те сакаат...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg