„Ти го можеш тоа мила!“ - ете затоа го одбрав него

Тука има изјави од типот: „Верувам во тебе мила! Знам дека ти го можеш тоа!“ И толку е доволно, со тоа веќе слободно летате. Таков маж ви треба.

ti-go-mozhesh-toa-mila-ete-zatoa-go-odbrav-nego-01.jpg

Многу мажи ќе сакаат да ви ги скратат крилјата.

Но, сепак ќе пронајдете еден таков кој нема да ви ја одзема слободата.

Ќе верува во вас комплетно. Ќе ве остави да дишете слободно, а притоа ќе навива за вас да се вивнете на небото, без разлика дали станува збор за приватен или професионален успех.

Нема да прави да се сомневате во себе.

Ќе ви вели: „Знам, дека ти го можеш тоа!“

Дури и кога самобендисано ќе си се пофалите себеси, ќе ве поддржи дека тоа е така. А пак кога ќе почнете да се запрашувате за својата вредност ќе ви даде елан да почнете одново да верувате во себе.

Таков партнер ви е потребен во животот.

Не некој што ви ги сече крилјата, туку некој што ве тера да летате уште повисоко, уште подалеку.

Некој што ја знае вашата вистинска вредност и го цени тоа.

Тој не сака да ве убеди дека сте „никакви“ за потоа да може да ве гази и да доминира со вас.

Тој отворено ви признава дека сте му интелектуален сопарник, кој прави да чувствува страст за животот, кој му го разубавува секојдневието со своето постоење.

Нема тука селски балкански менталитет: „Јас сум мажот и јас сè знам.“

Тука има изјави од типот: „Верувам во тебе мила! Знам дека ти го можеш тоа!“

И толку е доволно, со тоа веќе слободно летате.

Со полни гради одите кон нови предизвици.

И да ве плаши на миг нешто, знаете дека сте доволно добри и дека ќе успеете. Некој цврсто верува во вас, сигурно има зошто, убава помисла, зарем не?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg