Поучна приказна: Ако ме сакаш мене, зошто гледаш по други девојки?
По патот си одела една девојка прекрасна како самовила.
Еден маж почнал да ја следи, а таа се свртела и го прашала зошто ја следи.
Тој ѝ одговорил:
„Господарке на моето срце, твојата убавина е толку неодолива, што просто морам да те следам. Мора да ти признаам дека ми го зароби срцето.“
Убавицата го гледала извесно време и го прашала:
„Како воопшто можеше да се заљубиш во мене? Па, мојата помлада сестра е многу поубава и попривлечна од мене. Сврти се, погледни ја, таа секогаш оди зад мене.“
Мажот се свртел и таму видел само една седа старица.
Го забрзал чекорот и ја прашал убавицата:
„Како можеше да излезе таква лага од твоите усни?“
Девојката му возвратила:
„И ти мене пријателе ми кажа лага кога ми се заколнуваше на љубов. Велиш дека ги познаваш љубовите правила... Тогаш зошто се сврте и погледна друга жена ако си вљубен во мене?“