„Во мое време шишињата ги враќавме во продавница и одевме пешки“
Работевме физичка работа и не требаше да одиме во фитнес центри за слабеење и да трчаме на лента. Имавме едвај еден телефон во домот, а денес секој носи телефон во џебот. Но, вистина е, не знаевме за еколошко движење...
На каса во супермаркет една постара госпоѓа бара пластично ќесе за да го стави тоа што го купила.
Касиерката ѝ вели дека тоа пластичното ќесе ѝ штети на природата.
Таа ѝ се обраќа: „Вашата генерација не го разбира еколошкото движење. Сега, младите плаќаат за тоа што вашата генерација ги уништи сите извори!“
Госпоѓата љубезно ѝ се обрати на касиерката:
„Жал ми е, во мое време немаше еколошко движење.“
„Да, вашата генерација воопшто не се грижеше за заштитата на околината“, ѝ вели касиерката.
Малку вознемирена госпоѓата ја почна својата приказна:
„Во мое време ги враќавме празните шишиња од млеко, кисела вода, пиво и вино во продавниците, кои им ги враќаа на фабриките, кои ги миеја и одново ги полнеа со млеко, вода, пиво, вино. Шишињата биле рециклирани, но ние не знаевме дека тоа е во духот на еколошкото движење.
Во мое време се качувавме по скали. Немаше ескалатори како денес, а имаше и многу малку лифтови.
Не палевме автомобил за километар, два, туку одевме пешки или со велосипеди. А не знаевме дека тоа е во духот на еколошкото движење.
Немавме пелени за една употреба, туку ги перевме пелените и нив со другата облека ги сушевме на врвка развлечена помеѓу некое дрво и нашата куќа. Не ни знаевме дека постојат машини за сушење, во мое време облеката се сушеше од сонцето и ветрот.
Ја шиевме облеката која одеше од дете на дете, не купувавме постојано нови работи.
Имавме по едно радио и можеби телевизор во домот, а не во секоја соба.
Имавме часовници на рачно навивање, а во кујната сè работевме рачно, а не со денешните апарати, кои трошат струја како луди.
Немавме електрични косилки за трева, тоа го правевме рачно со старата добра коса.
Работевме физичка работа и не требаше да одиме во фитнес центри за слабеење и да трчаме на лента.
Имавме едвај еден телефон во домот, а денес секој носи телефон во џебот. Но, вистина е, не знаевме за еколошко движење...
Вода пиевме од чешма од рака или од стаклена чаша, не пиевме флаширана од пластични чаши кои се фрлаат по една употреба.
Мажите се бричеа со жилети кои траеја, а не со денешните кои се фрлаат по секоја потреба. И не, не знаевме за еколошкото движење.
Луѓето се возеа со автобус, воз, а децата одеа на училиште пешки и со автобус, а не како денес со автомобилот на мама или тато.
Го носевме истиот ранец во текот на целото школување, а не како денес една година Мики Маус, друго Пајо Патор, а трета Супермен.
Нашите книги им служеа и на наредните генерации, а не се купуваа постојано нови како сега и не се сечеа хектари и хектари шума за тоа. Затоа доста со тој ваш муабет и грижа за екологијата!
Во духот на наведеното немојте ни случајно да го отпечатите овој текст на хартија.
Да бидеме еколошки свесни! И, се разбира, дозволено е да го пратите до другите за да се освестат.“
Извор: Фејсбук / фото: depositphotos.com