Соништата не се таму високо, освести се - веќе ги живееш
Еден човек секоја вечер се качувал на врвот на еден рид.
По некое време тоа го забележале неговите пријатели и го прашале:
„Зошто секоја вечер се качуваш горе на ридот? Што се случува таму?“
„Ништо посебно. Гледам надолу кон своите соништа.“
„Гледаш кон соништата? Како тоа? Па, луѓето обично соништата ги гледаат некаде нагоре, а ти ги гледаш таму каде што живееш.“
„Да, затоа и сум среќен човек. Затоа нив соништата не им се остваруваат, а мене веќе ми се остварени и затоа одам таму горе за да бидам свесен за тоа.
Порано и јас мислев дека остварувањето на моите соништа ми се наоѓа некаде далеку, некаде на високо, а еден ден кога се качив сфатив дека моите соништа веќе ми се остварени и се меѓу луѓето со кои живеам, во односите со нив и емоциите кои ми ги будат.
Затоа секоја вечер кога се враќам дома сум среќен бидејќи го живеам животот таму каде што сакам и со мислите не треба да патувам на друго месо.“