Си се караме со страст, се сакаме со страст и еве веќе со години не ни е здодевно

Не е љубовта помала од првиот ден. Поголема е. Многу поголема. Дива, огнена, нескротлива, единствена. И некои нема да разберат...

si-se-karame-so-strast-se-sakame-so-strast-i-eve-vekje-so-godini-ne-ni-e-zdodevno-01.jpg

Не сме ние од оние парови кои се 24/7 со насмевка и благ збор еден за друг.

Сосема сме природни, човечни и имаме мрачни денови. Мигови на тензија и негативна енергија.

И знаеме да се караме со страст. Онаква силна, дури заплашувачка.

Врескаме еден по друг, посочуваме виновник, се разочаруваме од кажаното.

Ние, за жал, не знаеме да седнеме како што препорачуваат психолозите и смирено да разговараме.

Кај нас има оган, емоциите кулминираат и гледаме едниот да го надзбори другиот.

Сочно да му плесне во лице „Ти кажав дека јас сум во право“, па овој да негира и така до истоштување.

И да, напорно е, и да, цица енергија, но така е во животот. Нема бајки со куќичка од чоколада и загарантиран среќен крај.

Нема ветување дека и во најлуда кавга другиот ќе остане со студена глава и ќе премолчи до утре додека да се смират страстите.

А треба така. Не велам дека не треба. И искрени честитки апсолутно до сите што успеваат во ова.

Но, ние не.

Но, ме теши што и така налудничаво се сакаме.

Еден за друг би сториле сè. Како ѕверови би нападнале кога некој за еден од нас нешто лошо би рекол.

Си се цениме. Даваме комплименти еден за друг пред трети лица, но тоа и навистина го мислиме.

Не е љубовта помала од првиот ден. Поголема е. Многу поголема.

Дива, огнена, нескротлива, единствена.

И некои нема да разберат. Ќе кажат како може по таква кавга, така силно да се гушкате.

А нам убаво ни е. Си се возиме на нашиот ролеркостер од емоции изграден на темели од љубов.

Познавам фини парови, кои се мирна река.

И некогаш си велам колку им е убаво во животот, колку е едноставно да се биде во нивна кожа.

Но, потоа гледам и сфаќам дека нема емоции во нивните очи. Тие не искрат од љубов.

Тогаш која е придобивката ако не искрат од лутина?

Изгледа едно со друго си оди во оро. Нема едно без друго.

Таква е љубовта. Со две лица. Некогаш боли, некогаш те вивнува во ѕвездите.

Но, од друга страна сè додека е жива вреди.

Залуден е тој мирен живот со мртва љубов која не ви ја забрзува крвта во вените.

Таква љубов не благодарам!

Мојава да, боли на моменти, но барем прави да се чувствувам живо и да ми е исто страстна и забавна врската како и на почетокот.

Нели, секој со своите желби и приоритети...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Некогаш vs. сега: Како изгледаат денес ѕвездите по кои лудувавме во 1990-те? Брендон од Beverly Hills, Ејдан од Sex and the City - колку се остарени ѕвездите...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg