Жената со крилја си даде отказ, го остави партнерот и замина каде ја ценат

Мразеше кога не е ценета. Кожата ѝ се ежеше, а упорно ѝ се случуваше тоа...

zenata-so-krilja-si-dade-otka-go-ostavi-partnerot-i-zamina-kade-ja-cenat-01.jpg

Луѓето ја газеа, со притискање со сета сила се обидуваа да го искористат максимумот од неа. 

Не ја мотивираа да дава сè од себе, ја присилуваа.

И на крајот повторно не беа задоволни. Повторно не била доволно добра на работа, во врската, во пријателствата.

И имаше таа праг на толеранција. Но, никогаш преголем за да се претвори во очајна и исфрустрирана личност.

Во мигот кога почнуваше да ја гуши тоа што не беше ценета си заминуваше.

Отказ од работа, разделба на долгогодишна врска, крај на токсично пријателство кое трае цел живот...? Имаше храброст таа да стави точка.

Сметаше дека никој и ништо не смее да ѝ застане на пат на себељубовта, себенадградбата и негувањето на својата душа.

Не дозволуваше да ѝ ги сечат крилјата и си заминуваше кога чувствуваше дека со синџири ја оковуваат.

Знаеше дека зад аголот има нешто ново и подобро.

zenata-so-krilja-si-dade-otka-go-ostavi-partnerot-i-zamina-kade-ja-cenat-02.jpg

Ризикуваше и друг пат во животот и животот се покажа добар кон храбрите како неа.

Најважно ѝ беше духот да ѝ биде слободен, затоа што ако не ѝ е, тогаш не ќе може да твори, да биде креативна, да размислува трезвено, да сака вистински, да верува комплетно, да се жртвува, да дава безрезервно.

Не ќе може да блеска со сиот свој сјај во миговите кога е потиштена и се чувствува згазено.

Најдобрата верзија од неа тогаш се крие во некое катче до кое никој не може да допре, ниту таа самата.

А таа не се сака таква! Не се роди за да биде неценета, не се роди за да живее сив живот и да функционира колку да преживее.

Сè што правеше правеше со сјај во очите и искра во душата.

Се даваше комплетно, но затоа го очекуваше истото за возврат.

И во мигот кога ќе ѝ ги скратеа крилјата, тогаш заминуваше. На ново и подобро место каде ќе може да има среќно утре.

Затоа што ништо не е поважно од тоа...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg