Животни тајни и принципи на кои луѓето заборавија
Личниот развој, позитивните промени во животот и потенцијалот на човечкиот ум се процеси на кои често забораваме бидејќи сме пребукирани со други обврски.
Но, со текот на годините сфаќаме дека всушност, сме заборавиле на основните човечки вредности и принципи.
Затоа, никогаш не ги заборавајте овие вредности:
Своето место во природата
Еволуцијата и цивилизацискиот развој ги сместија луѓето во бетонски градби, затворени од природниот проток на воздух и изолирани од сончевите зраци. Не велиме да живеете во природа, туку не заборавајте да бидете во рамнотежа со неа.
Древните мудрости
Нашите предци биле мудри и успевале да опстанат во многу потешки услови од оние во кои денеска живееме. Сосема е нормално да се потпирате на знаењата на науката, но не заборавајте ги и мудрите народни приказни.
Своите соништа
Нè убедуваат дека соништата се само соништа, но токму тие соништа некогаш се вашиот патоказ во животот. Не се потпирајте целосно врз нив, но немојте ниту да ги заборавате.
Дека сè е љубов
Љубовта е силата која го движи и одржува овој свет. Таа е скриена во секој од нас. Зошто тогаш губиме допир со нејзе? Таа е бесконечна енергија која тече меѓу луѓето и мине низ сечија свест.
Забораваме да бидеме слободни
Луѓето живеат во окови на наметнати општествени норми и идеологии, во кои често забораваат на своите лични интереси. Но, запомнете - секој од нас треба да биде слободен.
Лекции од минатото
Нашето минато постои за да ни биде учител во голем број аспекти од животот. Сигурно досега ни приредило голем број лекции. На нас е само да не ги заборавиме.
Едноставноста
Модерното живеење значи и комплицирано живеење, во кое многумина забораваат на силата на скромноста. Затоа и ни е потребно да бидеме едноставни и да не се товариме со непотребни нешта, кои ни ја замаглуваат личната визија за нас.
Е. Д. | Црнобело