Правењето работи сам не значи дека си чуден - тоа те ослободува
Постојат многу луѓе кои не се плашат да го искусат животот сами и гордо можам да кажам дека и јас сум таква.
Да, јас сум осаменик. Јас сум жена која јаде сама во ресторани, која оди на кино сама, која оди сама на концерти и не се грижи што мислат другите.
Колку сум постара, толку повеќе сфаќам колку е прекрасно правењето работи сам.
Се разбира, не велам дека дружењето со другите луѓе е здодевно или губење на време, но ме чуди колку некои луѓе го потценуваат времето минато сами.
Живееме во свет каде е чудно ако некој ужива да ги прави работите сам. Веднаш таа личност е преципирана како несоцијална, непријателски настроена, па дури и чудна. Но, тоа не е вистина.
Одењето сами некаде не ве прави чудни. Покажува дека сакате да ги искусите прекрасните работи кои животот ви ги нуди. Покажува дека нема да дозволите да пропуштите што било само затоа што ниту еден од вашите пријатели не сака да ве дружи.
Покажува дека не ви е грижа што ќе кажат другите луѓе за вас.
Покажува дека сте подготвени да сторите сè што вашето срце посакува.
Покажува дека сте независни и сакате да ја искористите секоја шанса за да го направите својот живот вреден и интересен.
Прекрасно е што не дозволувате луѓето да ве спречат да го сторите тоа што го сакате и да го ставате својот живот на пауза.
Убаво е што не се плашите од авантури и живеете исполнет живот без стеги и окови.
Прегрнете го мигот и уживајте во сопственото друштво. Не секој го може тоа.
Светот чека на вас за да направите незаборавни спомени.
С. С. | Црнобело