Зошто подарувањето ја загуби смислата?
Мал, голем, скап, евтин, каков и да е, правилото вели дека сте приморани да го прифатите подарокот. Но, што ако прифатениот подарок ве задолжува во иднина?
Се ближи роденденот на вашиот пријател, имавте во план да му купите интересна книга, но тој ве престаса и ви купи ексклузивна чанта. Сега сте ставени во тесно, неговиот скап подарок ве присилува и вие да издвоите повеќе пари за него. Грешите!
Во моментот кога подарувањето ќе стане синоним за реципроцитет, тоа ја губи смислата. Одиме на свадба за да си јa платиме порцијата, кога ќе станеме невести, свекорот и свекрвата ќе ни купат накит и облека за добредојде, а ние не можеме да им вратиме со подароци во истиот износ, бидејќи не оди да поминеме само со една марама и блуза. Ова се моментите што ја уништија убавината на подарувањето.
Излегува дека подобро е да си ги задржиме парите и сами да одиме да си купиме нешто, така барем нема да направиме утка при изборот, па на крај да си кажеме кој што си купил и договорени и усогласени да излеземе пред јавноста.
Ако гo вметнеме и економскиот аспект во целава ситуација, на кој најмалку можеме да сметаме, повеќе од неопходно е да се врати загубената функција на подарувањето. Она од кое што треба да тргнете е сериозноста на чинот. Секој подарок е добар ако го подарите на вистинската личност во вистинско време.
Барањето подарок неколку часа пред настанот, секогаш резултира со залудно потрошени пари. Подобро е да задоцните со подарокот отколку да подарите нешто без врска. Размислениот и внимателно одбран подарок зборува за тоа како го чувствувате човекот, а тоа е суштината на подарувањето - изразување емоции преку материјални добра, а не материјално поткупување на туѓите емоции.
Осислениот подарок во вредност од 300 денари, ќe ro победи стандардниот подарок, па макар и чинел 2.000 денари, бидејќи тогаш предничи трудот на оној што се сетил да изигра паметно. Ако успеете да процените што е она што вистински ќе го израдува лицето на кое треба да му подарите, бидете сигурни дека нема да ви биде непријатно што останатите подароци ќе бидат далеку поскапи од вашиот.
Најчесто забораваме дека подароците треба да бидат забавни. За да не погрешите, тргнете од себе. Побарајте нешто што сте сакале да си го купите за себе, но никогаш не стасувале пари за тоа. Голема е веројатноста, секој месец, истото да го доживува и вашиот пријател. Но, ако зборуваме за неколкуте блиски личности во вашиот живот, тогаш не штедете. Во овој случај пали доброто што тој или таа не можат да си го дозволат, а очајно го посакуваат.
Карактерот на човекот е одличен водич при изборот на подарок. Не можете да купувате обетки, само затоа што вам лично ви се допаѓаат, а знаете дека пријателката никогаш не би ги ставила. Подарокот постанува вечно траен, доколку задоволите карактер и потреба во исто време. Знаете дека пријателката обожава накит, а постојано гледате дека и е расфрлан на сите страни, во тој момент, кутијата за накит е одличен подарок. Долги години, таа ќе стои во нејзината соба и истовремено ќe врши одлична работа.
Најлош подарок е генеричкиот подарок.
Немојте да мислите дека не се забележува дека со голема мака сте излегле и со часови сте се прашувале што да купите. Во тој случај подобро е да подарите пари, отколку вашиот подарок да заврши на продажба бидејки е дупликат. Уникатните подароци како рачна изработка или активност што подразбира заедничко дружење на пример, карти за да појдете на концерт, се статистички најпосакувани подароци.
Подарувањето е уметност - не дозволувајте да ја изгуби својата смисла.
A. Ш. | Црнобело