Не ја мрази девојката која продолжила без тебе
Немој да ја мразиш девојката која продолжила без тебе. Немој ни да ја обвинуваш за тоа.
Не ја мрази затоа што сакаше да знае дали вреди да се бори за тебе или да најде начин да живее без тебе. Затоа што бараше некој кој ќе патува со неа низ животните авантури и кој не е тежок за зближување.
Не ја мрази затоа што се избрала себе. Затоа што ја лови среќата наместо да те лови тебе. Затоа што успева да ја најде убавината што ти не успеа да ја видиш. Затоа што заслужува да биде сакана подеднакво колку што сака.
Не ја мрази затоа што го лечи нејзиното скршено срце, ниту пак затоа што ѝ дава шанса на љубовта без ти да си вклучен во тоа.
И ќе ја најде, во некој кој ќе има почит кон неа и кој ќе ја прифати нејзината единственост. Некој кој ќе знае дека вреди да ја сака и покрај тоа што не е лесно.
Не ја мрази затоа што се откажа од тебе, затоа што изгуби трпение и затоа што си зема назад сè што некогаш ти дала. Премногу се бореше за тебе. Те чекаше предолго. Ти даде премногу.
Не ја мрази, бидејќи таа те предупреди за овој ден. Ти кажа дека нема време и нерви за игри. Таа нема време за уште едно кршење на срцето, ниту за личност која се двоуми околу нејзе.
Не ја мрази - таа навистина се обиде да остане. Не ја мрази, бидејќи не знаеше да ѝ ја дадеш љубовта која ѝ беше потребна. Не ја мрази затоа што сфатила дека некој друг е подобар од тебе.
Не ја мрази, бидејќи и таа го прави истото како и ти за себе - го бара она што е најдобро за неа.
Е. Д. | Црнобело