Доаѓа време кога најмногу од сè ви треба мир...
Доаѓа момент кога човек сфаќа дека ги преценил моќите на искуствата, бидејќи откако ќе се случат, од нив остануваат спомени кои не влијаат значајно врз формирањето на иднината.
Кога ќе достигнеме одредено ниво во животот и нештата ќе ги погледнеме од друг агол, се запрашуваме зошто сме направиле некои постапки, кога сме знаеле дека ќе ни внесат само немир.
Доаѓаат времиња кога на човекот му е потребен мир пред сè останато.
Кога веќе не му е важно да биде во центарот на настаните, кога не сака да биде виден, ниту да се зборува за него.
Не му е важно ни дали сите оние околу него се забавуваат или не, затоа што авантурите веќе не го возбудуваат. Потребен му е само мир.
Доаѓа време кога човек се уморува и од луѓе и од настани, кога само сака да седне, да одмори, да испие едно кафе, да прочита книга и никој ништо да не го прашува за тоа време.
Доаѓаат и времиња кога човекот ќе се умори од докажување, бидејќи знае дека сето тоа е бесмислено. Не сака ниту да се правда за постапките, ниту да се фали за достигнувањата.
Најважен е само оној драгоцен мир кој самиот си го создава.
Е. Д. | Црнобело