До саканата личност што ја изгубив во самоубиство: „Ме остави тука без тебе, лута сум ти!“

do-sakanata-lichnost-shto-ja-izgubiv-vo-samoubistvo-me-ostavi-tuka-bez-tebe-luta-sum-ti-01.jpg

Девојка напиша емотивна исповед „До саканата личност што ја изгубив во самоубиство“:

„Секундата кога видов дека ми ѕвони личност која не ми се јавува на телефон, туку секогаш ми пишува пораки, почувствував дека нешто не е во ред. Срцето ќе ми прснеше кога видов дека се јавува за да ми потврди еден од моите најголеми стравови.

Неколку минути пред да се јави си скролав по Фејсбук додека одев кон мојот автомобил. Не обрнував многу внимание и ми излезе долга објава од твојата мајка со многу фотографии од вас.

Во мигот кога прочитав: „Нашето дете умре од депресија/биполарно нарушување почувствував дека светот почна да ми се руши.

Tоа беше моментот кога сфатив дека не ја добив вообичаената порака од тебе „Добро утро убава“ тој ден.

Веднаш го ставив телефонот во џеб и влегов во автомобилот. Знаев дека не можам да бидам сама кога ја исчитав целата објава и тргнав кон куќата на тетка ми.

Кога го видов бројот на нашиот пријател на екранот знаев што ќе ми каже. Речиси немаше да одговорам на повикот затоа што не бев подготвена да прифатам дека тоа е реалност.

Кога ми се јави ме праша што правам, му кажав дека возам и дека знам што ќе ми каже. Му заблагодарив за потврдата и му кажав дека ќе му ѕвонам подоцна.

Искрено, следните неколку дена ми се матни. Не успевав да ги артикулирам емоциите што ги чувствував.

Сум минала низ загуба и претходно, но тагував на нов и болен начин, каков што не знаев дека постои.

Шест седмици подоцна моите емоции сè уште беа како разурнувачко торнадо. Имав бранови на тага, бес, збунетост и толку многу други емоции што не знам ни какви беа.

Понекогаш сум фрустрирана што ме остави да бидам тука без тебе, лута сум ти. Знаеше колку многу си ми потребен и те сакам, а ти само избра да ме оставиш засекогаш.

Но, потоа срцето ми се крши одново и сфаќам колку болка си чувствувал и помислувам дека никогаш нема да се вратиш.

Кога го дознав времето на твојата смрт, се враќав назад во телефонот и ја видов нашата последна порака која сме си ја испратиле 6 часа пред тоа.

Минав денови и денови анализирајќи ги нашите последни разговори за да пронајдам знак или црвено знаме дека си во опасност, но без разлика колку и да се обидував, не пронајдов ниту еден.

Ужасно многу сакам да се вратам назад во времето и да направам некои работи поинаку, но знам дека тоа нема да промени ништо затоа што не постоеше начин јас да знам што ти минува низ главата.

Нема начин да ја опишам дупката што ја чувствувам во срцето на местото каде припаѓаше. Засекогаш ќе остане празно затоа што никогаш нема да постои друга личност што ќе може да го заземе.

Жалам за тебе апсолутно секој ден. Искрено, сè уште сум изгубена и не знам како да го живеам животот без тебе.

Уште ми доаѓа да ти се јавам или да ти пишам како во нормален ден и потоа ми текнува дека нема да ми одговориш.

Ги читам нашите разговори одново и одново за да се чувствувам поблиску до тебе, дури иако тоа е само за секунда.“

Луѓето што се самоубиваат не сакаат да умрат, само сакаат болката да престане

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Живеам во Стојаково: Зошто избирам да живеам во село, наместо во град? Тука се живее послободно, трчаме на сопствена земја, се движиме послободно и без...
„Кога ме игнорираш, не ме казнуваш - само ме учиш полесно да живеам без тебе“ „Тоа што ме игнорираш, не значи дека е крај на мојот свет - тоа е почеток на нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg