Поучна приказна за светецот кој лечел луѓе

Оваа мудра и поучна приказна ќе ве освести колкава сила се крие во зборовите.

pouchna-prikazna-za-svetecot-koj-lechel-lugje-1.jpg

Еден светец се шетал по земјата и поминал покрај мало село. Помош од него побарала расплакана жена, чие дете било многу болно.

Тој отишол во селото, но набргу почнале околу него да се собираат луѓе, бидејќи речиси никој од нив никогаш не видел светец да шета по земјата.

Го донеле детето, а тој почнал да се моли.

„Зарем навистина мислиш дека на ова дете му е потребна молитва? Не му помогнаа ни најдобрите доктори“, почнал да се потсмева еден од присутните.

„А што знаеш ти за овие нешта? Ти си обична будала“, одговорил светецот.

Човекот се налутил, почнал да црвенее и бил бесен. Кога сакал нешто да каже, светецот му пристапил и му рекол:

„Ако еден збор има сила да те направи олку лут, зошто друг збор не би имал моќ да излечи?“

Така, на лесен начин успеал да излечи двајца.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg