Не ме викај „сељак“ - и она ме викаше така!
Па, како да не те викам?
На дожд намерно притискаш на гас и ги бањаш пешаците на тротоар.
На семафори чистиш нос и тоа доолго и соочно.
На келнерката ѝ го зјапаш задникот, а потоа дрско ѝ се обраќаш.
Зборуваш на телефон додека плаќаш на каса во маркет.
Во кафуле зборуваш толку гласно што може да те слушнат и во соседното кафуле.
Пушташ музика до максимум во автомобилот и раката ти е потпрена на отворениот прозорец.
Пцуеш затоа што некој пешак собрал храброст да премине на пешачки премин и ти го губи времето.
Кажуваш интимни детали како си ја „работел“ таа и таа на биро во канцеларија.
Џвакаш со отворена уста во ресторан, а и да подждригнеш не е реткост.
Се чешаш долу како никој да нема околу тебе, а си среде трговски центар.
Плукаш по улица и фрлаш отпадоци.
Сите жени ги нарекуваш ку*ви, гуски, неспособни.
Трубиш на свирката од автомобилот кога ќе видиш „јака женска“.
Го „џвакаш“ пластичното лажиче и еден час по пиењето на кафето.
Си го чешаш увото со првиот предмет што ќе ти падне при рака.
Брмчиш со моторот да бидеш виден и слушнат надалеку, а ако треба ќе го кренеш и на едно тркало.
Хммм, па како да те викам?
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: С. С. | Црнобело